Тони Паркер, основата на НБА шампионот Сан Антонио Спарс изјави дека ќе се врати во репрезентацијата на Франција, а истото го очекува и од Јоаким Ноа и Алексис Ажанса, играчи кои го скокнаа Мундијалот.
Следната година Европското првенство ќе се одржи во неколку градови, при што натпреварите по групи ќе се играат во Берлин, Загреб и Рига, а завршната фаза ќе се игра во францускиот град Лил.
„Со оглед на тоа што Европското првенство ќе има квалификациски карактер за Игрите во Рио де Жанеиро, би сакал нашата репрезентација да биде во полн состав и да ја одбраниме титулата од Словенија.", изјави Паркер за француските медиуми.
Плејот на Спарс не е единствен во желбата да се појави во Бразил, затоа што и Дирк Новицки веќе се договорил со Далас Маверикс за неговото враќање во репрезентацијата на Германија. Заедно со Новицки, боите на Германија ќе ги брани и Крис Каман од Портланд Трејл Блејзерс. Каман веќе настапуваше за „панцирите" на претходните натпреварувања.
Враќање во државниот тим најавија и Андреј Кириленко, Тимофеј Мозгов и Сергеј Карашев, по што Русија ќе има солидна екипа. Италија ги очекува Андреа Барњани, Марко Белинели и Данило Галинари, сите од НБА.
Турците ќе бидат посилни за Ерсан Иљасова (Милвоки Бакс) и Енес Кантер (Јута Џез). Словенците на Европското првенство во составот ќе го имаат повратникот Бено Удрих (Мемфис Гризлис) а Србите Немања Недовиќ (Голден Стејт Вориорс).
Директен пласман на ОИ во Рио 2016-та ќе обезбедат финалистите на ЕП 2015, а екипите од трето до шесто место ќе играат дополнителни квалификации.