Offside

На фотографијата се Гоце од Македонија и Новак од Србија, сликани во Грција. Што ги поврзува? И двајцата се големи навивачи на Црвена Ѕвезда, која синоќа на гости го победи европскиот првак Олимпијакос со 62:57. Благодарение на наш Гоце, човекот со 24 Гренд слем титули упати поздрав до Македонија.

Голманот кој е подобар напаѓач од оние на Арсенал

Од луѓето што имаат задача цела кариера да бранат, најголема желба да биде шпиц има Рожерио Сени. Кога Сао Паоло во декември ќе му организира проштален натпревар, тие ќе останат без играчот кој истовремено се грижи за двата гола.

Фудбалери кои се фрлаат како кечери

Играчите на шкотската екипа Данди први изведоа кечерски скок при прослава на гол, а овој викенд во идентичен стил продолжија фудбалерите на германскиот второлигаш Лајпциг.на мечот против Бохум.

Џиџи Буфон утре ќе брои до 500

Капитенот на Јувентус и Италија со 36 години и понатаму е најскапиот голман во историјата, а утре против Џенова ќе го има 500-от настап во најдобрата италијанска лига.

Натпреварот на кој сите сакаа пораз

Индонезиските екипи, ПСС Слеман и ПСИС Семаранг поради претходно насилство играа куп меч зад затворени врати, но со тоа не успеаа да го сокријат срамот бидејќи снимката им излезе на интернет. 

Барса има најстар тим во Примера

Фотографијата на Каталонците пред Ел Класико ја покажува недовршената клупска револуција сезонава. И покрај настапите на младите Мунир, Рафиња и Сандро, клубот од Камп Ноу ги има највозрасните првотимци во шпанската лига.

Новак бара татковски совети од Федерер

Иако нема логична причина за тоа татковците да не останат успешни играчи, тоа не е случај со најголемите тенисери низ историјата. Откако доби син, Ѓоковиќ сега бара совети од Федерер како да се справува со ситуацијата.

Карлос Едуардо како митот Џаст Фонтен

Бразилецот игра во нападот на Ница, го носи бројот 3 и стана познат по петте гола што му ги даде на Генгам минатиот викенд. Рекордот со 5 гола на 1 натпревар беше стар 30 години во француското првенство

Синхронизирани тренери

Камерите прво ја уловија реакцијата на темпераментниот Валтер Мацари и неговиот помошник, а во ист стил викендов продолжија и на клупата на Атлетико Мадрид.

Почнува НБА 2014/2015

Новата сезона нашиот Перо Антиќ ќе ја отвори на гостувањето кај Торонто на 29. октомври, а на полноќ се игра тексашкото дерби Сан Антонио - Далас.

Муки Блејлок доби 15 години затвор

Поранешниот кошаркар на Атланта Хокс ќе може да излезе по 3 години доколку ги испочитува барањата на судот.

Шрузбери - Челси и Сент Паули - Дортмунд

Во ТОП 5 лигите во Европа, неделава ќе се трча за купот, а ние од вечерашната понуда ви ги предложуваме дуелите од англискиот и германскиот куп, како и тенис во Париз.

Оливер Христовски го водеше Алкалоид до победа над Sistina

Првиот ден од четвртото коло во Бизнис лигата донесе доста ефикасни натпревари, а на дуелот помеѓу UNIQA и ЕВН паднаа дури 17 голови.

Одбраната на Челси паѓа по 85 минута

Овој податок може да ви биде корисен за во кладилница барем за играта гол-гол кога играат сините од Лондон.

Фудбалерите кои прерано го завршија животот

Голманот на Орландо Пајртс и капитен на ЈАР, Сензо Мајива е последниот во низата фудбалери кои ненадејно починаа во екот на кариерата. Низ историјата се случуваа и несреќи со кола, авион или за време на натпревар.

Голманот на Генгамп ги фрли малерозните ракавици во канта

Да беше до нив, така ќе постапеа и голманите на Рома и Бате Борисов кој по 7 пати ја вадеа топката од гол во Лигата на шампиони.

Какво е чувството да покосиш противнички тренер?

Џони Расел од англискиот Дерби го потсети тренерот на Виган Уве Рослер на неговите играчки денови. За среќа, Рослер е добар и нема скршеници.

Историјата на Рабона потегот

Голот на Ерик Ламела за Тотенхем против Астерас во ЛЕ ги наполни медиумите кои го величаа Аргентинецот, а пред него потегот го користеа Пеле, Роналдо, Ди Марија...

Рома поради безбедност ќе лета 30 минути со авион

Гостувањето на Рома во Неапол кое може да донесе големи инциденти во знак на одмазда се организира веќе неколку недели.

Грчкото дерби заврши со погреб

Фудбалерите на Олимпијакос ја добија 189-та дерби пресметка против големиот ривал Панатинаикос со 1:0, а по завршувањето на мечот навивачите настапија со морбиден ритуал на улиците.

Првиот погодок на Трезегол во Индија

Французинот успешно ја почна мисијата за поквалитетен фудбал во Индија, откако неговиот Пуне Сити ФК победи 2:0. Дел Пиеро, Капдевиља, Пирес и Љунберг веќе одиграа три кола во индијското првенство и се уште немаат дадено гол.

Најголемите 9 промени во американските спортови

Водечките луѓе во НБА сериозно се намерачиле да воведат нови правила во лигата, а прва промена би било 1-минутно намалување на четвртините, кои од сегашните 12, би се играле по 11 минути; Дирк Новицки и Леброн Џејмс минатата недела зборуваа дека би го прифатиле новото правило по кое во една НБА сезона би се одиграле помалку натпревари од досегашните 82.

Манчестер Јунајтед – Челси во 17:00

Од спорт на ТВ за денеска имате две финалиња во Тенис, натпревар од македонско првенство и голем избор во најсилните европски национални првенства.

Металург - Пелистер и Манчестер Јунаjтед - Челси

Од неделната спортска програма ви ги препорачуваме дуелот од македонското првенство и дербито од англиската премиер лига, како и тениските завршници во Базел и Валенсија.