ВРЕМЕ ЗА НАПАД - 24 СЕКУНДИ
Во 1954-та година НБА го воведе нападот кој трае 24 секунди. За да се види каква ќе биде разликата, НБА атлетите од првичните 35 секунди преминаа на 9 секунди помалку за напад, со што просечните поени на една екипа отидоа од 79 на 93. На НЦАА Колеџ натпреварите, нападот уште трае 35 секунди, но таму одат од 40 до 55 поени.
ИНСТАНТ РЕПРИЗА ВО НФЛ
До 1985-та година, за да подобро видат некој момент, судиите во американскиот фудбал имаа формална пауза во која се договараа за спорните одлуки. Паузата следуваше откако помошниот ќе мавта со знаменце. Така беше сè до 1999-та година, кога се воведе модерната технологија со судиски тајм-аут и реприза на спорните моменти.
Со оваа технологија, погрешните одлуки на судиите се сведени на минимум.
ПЕНАЛИТЕ ВО НХЛ
The shootout или пеналите се омилен дел кај голем дел од хокеарската публика, но не и кај традиционалните навивачи, кои се жалат дека на тој начин се оштетува тимот кој играл подобар хокеј. Нив не им оди во прилог фактот што натпреварот мора да има победник, дури и ако е нерешено по 60 минути игра и дополнителни 5 минути продолжение.
Тоа можеби не е фер за традиционалистите, но по правилото за пенали, навивачите почнаа да се враќаат на трибините во поголем број.
ВАЈЛД КАРД ВО МЛБ
Долго време, околу 80% од бејзбол фановите уживаа во регуларната сезона кога се знаеше кој е шампион а кој е вицешампион. Ако твојата екипа победи 100 натпревари, а некоја друга победи 101, ти ќе си одиш на риболов во септември или октомври.
Кога бејзболот стана повеќе од бизнис, во 1994-та година се воведе правилото на Вајлд карт (специјален повик), според кое избраните екипи имаат прилика да играат во плејофот. Џабе беа сите побуни дека тие екипи не заслужуваат да играат во доигрувањето. Новите правила за Вајлд картата се воведоа во 2012-та година, но без драстични промени. За 18 години откако постои Вајлд картата, само пет пати избраните екипи стигнале до трофејот.
ЛИНИЈАТА ЗА ТРИ ПОЕНИ ВО НБА
Правилото за 3 поени за прв пат било тестирано во 1933-та година, по сугестија на Херман Сајгер. По првичните 7,62 метри низ историјата, во сезоната 2008/2009-та ФИБА одлучи тројката да се врати на 6,75 метри.
ДОПИНГ ТЕСТИРАЊЕ ВО МЛБ
Смешно е колку долго му требало на бејзболот како спорт не само да суспендира допингуваните играчи, туку и да ги тестира. Од 1991-та година, стероидите беа на забранетата листа на супстанции во МЛБ, но лигата не ги тестираше играчите до 2003-та година.
По воведувањето на PEDs суспензиите, бејзболот не е којзнае колку поразличен, но некои големи играчи беа суспендирани по допинг скандали.
АВИОНСКИТЕ ЛЕТОВИ
Ова можеби не звучи како некое спортско правило, но смени сè во спортот. Замислете ја разликата во 45-минутно патување од Далас до Хјустон со авион или 4-часовен превоз на екипата која утредента треба да игра натпревар. Или замислете една екипа од Западниот брег на САД да не може да игра против оние од Истокот поради далечината.
Во глобала, спортот во САД бил регионален, локален, сè додека не се појавиле авионските летови на подалечни дестинации. Од тој момент, спортот во САД не се играл само на државно, туку и на глобално ниво.
ОФАНЗИВНО ДОДАВАЊЕ ВО АМЕРИКАНСКИ ФУДБАЛ
Американскиот фудбал во САД сè до 1906-та година се играл без почетното додавање, но по неколку кобни случаеви кога играчи гинеле на теренот, претседателот Теди Рузвелт го предложил правилото кое важи до денес.