Offside

На фотографијата се Гоце од Македонија и Новак од Србија, сликани во Грција. Што ги поврзува? И двајцата се големи навивачи на Црвена Ѕвезда, која синоќа на гости го победи европскиот првак Олимпијакос со 62:57. Благодарение на наш Гоце, човекот со 24 Гренд слем титули упати поздрав до Македонија.

Суслина го покри голот за победа на ЖРК Вардар

Првиот натпревар за македонскиот ракометен шампион во „Јане Сандански“ најмногу ќе го памети голманката од Русија кој со неповторливи 28 одбрани беше најзаслужна за првата победа на нашиот женски претставник во Лигата на шампионите.

Селекторот Џикиќ со Крка подобар од Врбица со МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје го загубија и третиот натпревар во 5-то коло од Јадранската лига, откако вечерва во Ново Место, Крка славеше убедливо со 85:52. Слабата игра во одбраната причина за првиот пораз на Врба Стефанов како тренер на „штрковите“.

Тим на колото во Бизнис лигата

Третото коло на Бизнис Лигата на Македонија преовладуваше со фер плеј натпревари во кои можевме да видиме доста атрактивни потези кои ја воодушевуваа публиката.

ЖРК Вардар – Турингер и Крка - МЗТ Скопје во 19:00

„Ел Класико“ е главната спортска понуда од фудбал, а за денеска го имате и првиот настап на ЖРК Вардар во Лига на шампиони во новата сала, АБА лига со МЗТ и тенис.

Најпознатите НБА тепачки во последните 20 години

Новата сезона во НБА почнува на 28 октомври, а тензијата на паркетот почна уште во подготвителните натпревари. Низ историјата се тепаа: Ален Ајверсон и Денис Родман, Чарлс Баркли и Чарлс Оукли, Мајлк Џордан и Реџи Милер и Шек против сите.

Најстариот клуб во светот полни 157 години

За постоењето на спортскиот фудбалски викенд, како и Лигата на шампиони во вторник и среда кажете му фала на Шефилд, односно неговите основачи. Од нив почна нашава болест.

Драмење под трибините

Случувањата покрај теренот често се поинтересни од самиот натпревар, па така Мурињо, Венгер и Андре Виљаш-Боаш неколку пати беа главни во кадарот поради нивните реакции.

Реакција на фудбалските сојузи на Србија и Албанија

По одлуката на УЕФА, се огласија и федерациите на двете земји кои ќе се жалат на „неправедните казни". Најгласен во реакциите, селекторот на Албанија, Италијанецот Џани Де Бјази, а сега се бунат и Данците кои сакаат нивни навивачи на мечот во Белград.

Муарем: За Милано нè испраќаа пејачи маскирани во полицајци

Во Баку го имаме Карас со кој муабетевме додека беше дел од Лудогорец. Таму е и Славчо Георгиевски, а во истиот град веќе четврта сезона настапува Муарем Муарем. Поради воен конфликт на границата со Ерменија, неговиот клуб веќе две децении е принуден да игра само како гостин. Синоќа во Украина беше клучен играч во победата.

Бернабеу е омилениот стадион за игра на Меси

Аргентинецот против Реал Мадрид постигнал 21 гол на 28 натпревари, а во Мадрид дал 12 голови на 8 натпревари.

Надал - Чориќ на Спортклуб и Вардар - Татран на МТВ1

Тенис, кошарка, ракомет, фудбал. Спортот почнува од 13:00.

УЕФА: Службена победа од 3:0 за Србија, но без бодови

Србите го добија прекинатиот меч, но истовремено останаа без 3 бода и публика на домашен терен. Парична казна и за двете федерации.

Србија - Албанија на неутрален терен и со драстични парични казни

Според тврдењата на белградска Политика, репрезентациите на Србија и Албанија ќе одиграат нов натпревар без публика. 

Муарем Муарем го реши Днипро на гости

Македонскиот репрезентативец мајсторски се ослободи од двајца дефанзивни за три бода на Карабах. Погодот постигна и Аријан Адеми, но Динамо Загреб загуби со 4:2. Без бодови остана и Абдурахими со Локерен на гостувањето во Турција во третото коло од Лига Европа.

Македонија се врати во најдобрата 100-ка

По срамниот пад минатиот месец на 112 позиција, македонската фудбалска репрезентација според најновата ранг листа на ФИФА направи скок од 13 позиции.

Радичевиќ: Посакувам голема поддршка од Комити и победа за мојот роденден

Навивачката група Комити и ЖРК Вардар се соединија во пресрет на првиот натпревар на македонскиот шампион во новиот дом „Јане Сандански“.

ЖРК Вардар: Клучот на победата лежи во одбраната

По воведниот пораз во Подгорица, ракометарките на Вардар за прв пат ќе играат во новата сала „Јане Сандански“, каде во сабота гостува екипата на Турингер, која во првото коло ја совлада Подравка.

ЦСКА Москва - Макаби во 18:00 и Салцбург – Динамо Загреб во 21:00

Од спорт на ТВ во препорачуваме микс на многу натпревари од кошаркарската Евролига и фудбалската Лига Европа.

Атланта го доби шампионот, само 7 минути за Перо Антиќ

Како на претходните подготвителни средби, така и синоќа, Перо Антиќ против „мамузите“ немаше поголема минутажа да ја провери формата во пресрет на почетокот на НБА сезоната.

Реал Мадрид лесно во Ливерпул, Венгер славеше роденден со победа

Во Лигата на шампионите вечерва немаше толку голови, а ноќта ја одбележaа Реал Мадрид и Дортмунд со убедливи победи на гости против Ливерпул и Галатасарај. Шампионот на Италија загуби во Пиреја, а Арсенал направи пресврт на крајот во Белгија.

TRANSMET го прекина преносот на струјата кај ЕВН

Екипите на Македонски Телеком и ArcelorMittal славеа убедливи победи во третиот ден од третото коло во Бизнис лигата на Македонија.