„Јастребите“ со триумф го заокружија подготвителниот период, откако го совладаа актуелниот НБА шампион Сан Антонио со 117:107. Во ситуација кога Атланта го почна мечот со петорката Тиг, Карвер, Керол, Милсап и Харфорд, Перо Антиќ настапи само 7 минути во кои не постигна поен. Антиќ имаше 0/2 во обидите за 3 поени и 0/1 од поле и само еден скок.
НБА сезоната на 28-ми октомври, во вторник, а ден потоа Атланта Хоукс ќе отвори против Торонто Репторс во Канада. Календарот се отвора со дербито Сан Антонио - Далас. Регуларниот дел во најдобрата светска кошаркарска лига започнува во втората половина на октомври, а завршува на 15. април, период во кој треба да се одиграат 1.233 средби.
Поранешниот македонски репрезентативец и прв македонец во еден НБА ростер, Перо Антиќ, по гостувањето во Канада, второто коло ќе го игра на домашен терен, против Индијана Пејсерс, екипа која лани ги елиминираше Хоукси од Плејофот.
Според букмејкерите, најголеми шанси за титулата годинава, покрај Сан Антонио и Кливленд со Леброн имаат уште и Оклахома Тандер и Чикаго Булс.