TRANSMET го прекина преносот на струјата кај ЕВН
TRANSMET 4-3 (2-0) ЕВН
TRANSMET: Перо Ангелески 13’, Амер Скендеровиќ 20’, 27’, Игор Пејовски 24’
ЕВН: Бојан Маџовски 32’, Душко Силјановски 34’, Слаѓан Божиновски 40’
Екипата на TRANSMET во дуелот со ЕВН прикажа одлична игра пред се во делот на нападот, каде што имаше одлични проигрувања и сите свои замисли ги преточуваа во шанса за гол. Во текот на целото прво полувреме TRANSMET го имаше главниот збор и на полувремето отиде со 2-0. Во второто полувреме TRANSMET само го појача интензитетот и остварија предност од 4-0. Но ЕВН внесе во своите редови голман играч, со што целосно се врати во натпреварот, но не доволно и за целосен пресврт, па го загуби овој натпревар со 4-3.
Вељановски го мотивираше Македонски Телеком за победа над Глобко Логистик
Македонски Телеком 6-1 (2-1) Глобко Логистик
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 14’, 17’, Влатко Причков 22’, Душко Симоноски 26’, 31’, Данило Миладиновски 32’
Глобко Логистик: Александар Божинов 7’
Екипата на Глобко Логистик одлично го отвори овој натпревар со погодок на Александар Божинов уште во 7’ и прикажа одлична игра, дури успеа да се одбрани со играч помалку, наговестувајќи одличен натпревар. Но екипата на Македонски Телеком во своите редови го имаше незадржливиот Ивица Вељановски, кој со 2 гола направи пресврт и го доведе Македонски Телеком до водство на полувремето од 2-1. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком заигра уште посконцентрирано, ги поврза своите редови во нападот и оствари одлична предност од 4-1, која Глобко Логистик не успеа да ја анулира, па Македонски Телеком го доби овој натпревар со 6-1.
ArcelorMittal поефикасен во натпреварот против Eurolink
ArcelorMittal 7-1 (2-0) Eurolink
ArcelorMittal: Перо Ризов 16’, 31’, Игор Мирчевски 18’, 22’, Александар Илиев 26’, Василче Андов 34’, Методија Миовски 40’
Eurolink: Игор Ристевски 26’
Се играше доста израмнет фудбал на обете страни со доста шанси за голови, се до 16’ кога екипата на ArcelorMittal го скрши ледот со два гола едноподруго и ја презеде иницијативата за 2-0 на првото полувреме. Во второто полувреме, уште на самиот старт ArcelorMittal постигна гол за подигање на самодовербата во своите редови. Но Eurolink не се предаваше лесно, со голман играч во своите редови успеа да се врати во натпреварот, но не целосно. ArcelorMittal беше претврд орев во овој натпревар за нив, па на крајот ArcelorMittal го доби натпреварот со 7-1.