Најдобар поединец во третото коло беше Дарко Стојановски кај екипата на Sparkasse кој постигна 4 погодоци на мечот против Систина кои банкарите го добија со 8:5.
Со хет-трик се издвоија четворица фудбалери. Тоа се Оливер Христовски (Алкалоид), Љуљзим Каштањева (UNIQA), Дарко Стојановски (Гранит) и Јовче Ангелов (МЕПСО) како најдобар петти играч на колото.
За голман на третото коло е прогласен Александар Секуловски од Sparkasse, додека најдобар тренер е Никола Алексов од Алкалоид.
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа: Ивица Вељановски (Македонски Телеком) и Амел Скендеровиќ (TRANSMET).
Екипа на третото коло е екипата на Sparkasse.