Бернабеу е омилениот стадион за игра на Меси

Аргентинецот против Реал Мадрид постигнал 21 гол на 28 натпревари, а во Мадрид дал 12 голови на 8 натпревари.

Лионел Меси давал голови на 27 од 33 стадиони во шпанскиот фудбал, а 31 од 33 шпански екипи примале голови од 10-та на Барса.

Следен предизвик на Аргентинецот е рекордот на Телмо Зара, фудбалерот кој е водечки стрелец во историјата на Ла Лига со 251 гол. Меси има 250 гола и Ел Класико викендов ќе биде прилика да го достигне Баскиецот. Најголем број од своите голови, легендарниот Зара ги постигнал во дресот на Атлетик Билбао, а кариерата ја завршил на 34 години во сезоната 1954/55-та.

Лионел Меси досега во кариерата дал 21 гол на 27 дерби дуели со Реал Мадрид. Од друга страна, Кристијано Роналдо дал 13 гола на 21 натпревар против Каталонците.

Во осум натпревари од Ла Лига на Сантиаго Бернабеу, Меси стана кошмар за навивачите на Реал Мадрид затоа што им давал голови на сите 8 средби поединечно во Мадрид. Без натпреварите од шпанскиот Куп и Супер Куп, Меси на Реал Мадрид му дал вкупно 9 гола, а на последното гостување постигна хет-трик (3:4).

Покрај Бернабеу, на Меси му лежи и Сардинеро во Сантандер каде давал голови на 7 натпревари против Расинг. Ел Класико е на програмата во сабота, од 18:00 а домаќин е Реал Мадрид.