Одбраната на Челси паѓа по 85 минута

Овој податок може да ви биде корисен за во кладилница барем за играта гол-гол кога играат сините од Лондон.

Робин ван Перси викендов ја заби топкава во гол во 94 минута и стигна до бод на големото англиско дерби, а статистиката покажува дека тој им го искористил падот на концентрацијата на фудбалерите на Челси која им паѓа во послесните минути.

На последните четири натпревари во Премиер лигата во одбрана им играле Ивановиќ, Тери, Кејхил, Фелипе Луис и Апликуета, а голот го чувал Куртоа кој направи камп бек од Атлетико Мадрид и му го зема првотимскиот статус на Чех.

Пред дуелот на Олд Трафорд, Јунајтед играше на гостински терен против Кристал Палас, а по водството од 0:2, конечниот резултат на 1:2 го постави Кембел во 90 минута.

Дежа ву натпревар во Манчестер, составот на Мурињо имаше против Сити. Шурле отвори во 71 минута, а на 5 минути до крајот славјето им го уништи нивниот поранешен играч, Френк Лампард.

Првата средба од која почна да попушта одбраната на Челси на крајот од натпреварите почна против Свонси кога при резултат 4:1, во 86 минута гостите постигнаа и втор гол.

Во меѓувреме пред Олд Трафорд:

27 октомври 2014 - 17:52