Оливер Христовски го водеше Алкалоид до победа над Sistina

Првиот ден од четвртото коло во Бизнис лигата донесе доста ефикасни натпревари, а на дуелот помеѓу UNIQA и ЕВН паднаа дури 17 голови.

Лукоил славеше во дуелот со ArcelorMittal со 7-3
Лукоил 7-3 (3-1) ArcelorMittal
Лукоил: Владимир Секулоски 10’, 12’, Дејан Зиков 19’, 30’, Гоце Мојсоски 35’, 36’, Борче Василев 39’
ArcelorMittal: Љупчо Шегмановиќ 13’, Александар Зотиќ 32’, Игор Мирчевски 38’

И двете екипи прикажаа одлична игра во првото полувреме, пред се во делот на нападот каде што имаше доста изработени напади со одлична реализација. Екипата наArcelorMittal не го искористи играчот плус во првото полувреме, па така на полувремето се замина со 3-1 за екипата на Лукоил. Во второто полувреме Лукоил заигра во сиот свој сјај, не давајќи му на ArcelorMittal простор да се врати во натпреварот, па на крајот Лукоил славеше со убедливи 7-3.

Оливер Христовски го водеше Алкалоид до победа над Sistina
Sistina 2-8 (0-3) Алкалоид
Sistina: Горан Манов 23’, 29’
Алкалоид: Оливер Христовски 2’, 8’, 30’, 37’, Александар Василевски 4’, Николче Дамјановски 28’, Стефан Димовски 35’, Дарко Стефков 38’

Алкалоид прикажа перфектно добра игра во првото полувреме за која екипата на Sistina немаше противигра. Во текот на целото прво полувреме кај Алкалоид беше потенцирана колективната игра, што им донесе високи 0-3 на полувремето. На самиот старт од второто полувреме екипата на Sistina постигна погодок за подигање на самодовербата и фаќање на резултатски приклучок. Но, Алкалоид не дозволи изненадување, брзо ги консолидира своите редови и го доби овој натпревар со 2-8.

ЕВН немаше сили за пресврт во дуелот со UNIQA
UNIQA 10-7 (7-2) ЕВН
UNIQA: Ибиш Мисини 4’, 7’, 15’, Љуљзим Каштањева 6’, 9’, 20’, 25’, 40’, Арбен Нухиу 10’, 39’
ЕВН: Зоран Кочески 18’, Слаѓан Божиновски 20’, Жарко Пунтевски 29’, 31’, 38’, 40’, Патрик Караѓуле 40’

Екипата на UNIQA прикажа апсолутна доминација во натпреварот со ЕВН во сите сегменти на фудбалската игра. Ги затворија сите приоди кон нивниот гол, не дозволувајќи му на ЕВН да има течен напад. Во второто полувреме екипата на ЕВН заигра поофанзивно, резултатски и се доближи на UNIQA, но немаше сила за целосен пресврт, па го загуби овој натпревар со 10-7. Полувреме 7-2.

28 октомври 2014 - 09:39