Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Симулатори кои заслужија награда за глума

Од наредната година ФИФА нека размисли и за воведување на вакво признание. Изборот е секогаш голем, а за 2014-та ние одбравме тројца кои паѓаа по силниот удар од воздухот.

Фудбалер на Лацио ја потпевна химната на Рома

Марко Пароло ќе има многу за објаснување пред навивачите на Лацио. Пред стартот на неделното римско дерби, камерите го уловија како ги изговара зборовите од химната на Рома која во тој момент се пееше на трибините. 

Магиите на тандемот Роби Баџо - Андреа Пирло

Во јануари 2001. година, младиот полушпиц на Интер отиде на позајмица во Бреша, екипа предводена од бардот Карло Мацоне кој му ја смени улогата и кариерата.

ФИФА пронајде историско парче од првиот Мундијал

Се работи за основата од првиот пехар „Жил Риме“ кој го освоил Уругвај во 1930 година и кој беше украден пред 32 години.

Лукас Подолски за германска традиција на Интер

Новиот напаѓач на Меаца е уште еден од низата германски фудбалери кои го облекле дресот на миланскиот клуб. Месецов тој стана првиот Германец кој го засилил Интер, по 22 години.

Епски голови од ракометна Европа

На 6 февруари стартува гласањето за најдобар гол со цепелин во ракометната ЛШ, а во изборот ги има и ремек делата на вардарците Лазаров, Дибиров и Брумен. ЕХФ во меѓувреме ископа два историски погодока од архива од сезоната 2010/2011.

Новинарската фела го порази Меси со 115:4

Малиот коефициент во кладилница за победа на Роналдо, се покажа дека на апсолутниот фаворит нема да му избега одбраната на „Златната топка“. Најголема поддршка доби од Европа и Африка.

Лион е изненадувањето во Франција

Клубот со една од најдобрите младински школи во Европа заедно со тренер што сака отворен фудбал е лидер во Лига 1 по 18. одиграни кола. ПСЖ и Монако се во сенка.

Периодот кога Роналдо се возеше со ЈСП

Португалскиот спортски канал Спорт ТВ го прикажа првото интервју со младиот Кристијано Роналдо, од времето кога најдобриот фудбалер на светот не возел Порше, Ферари и БМВ, туку користел градски превоз. Престојувал со цимери во интернатот на Спортинг Лисабон, од каде замина за Манчестер.

Гарнет и Хауард во клинч, Хјустон го доби Бруклин

Кошаркарот на Бруклин Нетс, ветеранот Кевин Гарнет заработи двојна техничка грешка и исклучување откако се обиде физички да се пресмета со Двајт Хауард од Хјустон Рокетс.

Кристијано Роналдо е најдобар фудбалер зa 2014 година

Кристијано Роналдо застана рамо до рамо со Мишел Платини и Марко Ван Бастен, откако вечерва по трет пат беше избран за најдобар фудбалер вo светот во една календарска година. Голот на Хамес Родригез против Уругвај најдобар на годината.

Лил и Арсенал донесоа профит, Манчестер Јунајтед разочара

На Типстерите им одеа во прилог и победите на Арсенал и Лион.

Да ги споредиме Ван Гал и Мојс

Разликата не е голема, затоа што и двајцата тренери од 21 меч успеале да освојат по 37 бодови. Мојс имал една победа повеќе, а Ван Гал има два порази помалку, но она што оди во прилог на холандскиот е стратег е позицијата на табелата во Премиер лигата.

Роналдо, Ноер или Меси?

Јоаким Лев и Диего Марадона го фаворизираат Германецот. Во Мадрид се убедени дека ќе победи нивната ѕвезда, а така налагаат и кладилниците. Каталонците пак постои можност да ја бојкотираат вечерашната церемонија на ФИФА, поради забраната за вршење трансфери.

Пост римско дерби

Во неделата се одигра Il Derby della capitale, битката за Рим која заврши без победник 2:2. Лацио водеше 2:0, а Рома во вториот дел израмни со двата гола на Франческо Тоти. Римската полиција објави дека кај 18 уапсени лица пред и после натпреварот пронашла разни оружја, спремни за употреба во случај на инциденти.

10 кандидати за замена на Стивен Џерард

Навивачите на Ливерпул пред дуелот со Сандерленд во саботата, на Твитер гласаа кој играч би бил идеална замена за долгогодишниот капитен, кој летово заминува во Лос Анџелес Галакси како слободен играч.

Детето што собира топки помогна за одбрана на пенал

На меч од Азискиот куп помеѓу Кина и Саудиска Арабија, при резултат 0:0 во 62 минута, кинескиот голман беше на искушенија да брани пенал. Инструкциите за тоа на која страна треба да се фрли ги доби од зад грб, а неговата селекција потоа постигна гол за победа.

Кој доби, а кој загуби викендов во Премиер лигата?

Додека навивачите на Ливерпул го слават младиот Лазар Марковиќ, на Олд Трафорд уште се прашуваат дали Ван Гал е правиот човек за жешката клупа на Јунајтед.

Антиќ: Се забавуваме и се поддржуваме

По Портланд 30-8 и Голден Стејт 29-5, кошаркарите на Атланта Хокс се најдобриот тим во НБА лигата со 29 победи и 8 порази, а по синоќешниот висок триумф над Вашингтон стигнаа до осмо славје по ред. Причините за врвната форма ги објаснува Перо Антиќ.

Палестинско мајагери против Јапонија

Азискиот Куп на нациите 2015 започна во Австралија. Утрово играа Јапонија и Палестина, а самураите победија 4:0. Дуелот го одбележа тешкиот фаул на еден од Палестинците.

Шверцерот Анелка и титулата на Јувентус

Французинот го раскина милионскиот договор во Кина, само за да потпише со Јувентус во 2013. година како замена за повредениот Никлас Бендтнер. За пет месеци, за Јуве играше само три пати и без никаков придонес се радуваше на скудетото.

Другарски потег за водство на Рошдејл

Во англиската Лига 1 (трета по ранг), Рошдејл го победи Брадфорд на гости 1:2, а моментот на мечот се случи во 12. минута, кога гостите го отворија резултатот преку Винсенти.

Атланта гази, Антиќ стрела двоцифрено

Кошаркарите на Вашингтон Визардс синоќа си имаа работа со екипа која има 8 од 8 и која има загубено само два пати на последните 24 натпревари.. Кливленд се мачи без Леброн Џејмс и има скор од шест порази и само една победа.