Пароло потекнува од северна Италија, а во Лацио дојде од Парма. Единствен фудбалер на „Бјанкочелестите“ за кој е познато дека навивал за Рома е Антонио Кандрева кој е роден во Рим. Тој е четврта сезона на „Олимпико“, а срцата на навивачите ги освои со одличните игри и голот во дербито од слободен удар пред две сезони.