Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Наполи уморен од судиската помош за Јуве

Шампионот на Италија го замолкна и Сан Паоло во Неапол, а Наполитанците веднаш по мечот распалија по судиите, за кого велат дека му помагаат на торинскиот клуб во борбата за титулата.

Екскурзијата на Касано во Реал Мадрид

На 4. јануари 2006-та година, Фантантонио ја напушти Рома и потпиша договор со Реал Мадрид. Дојде како најголем талент на европскиот фудбал, а Мадрид го напушти по караниците со неговиот втор татко, Фабио Капело.

Освалдо смени 10 клубови за 10 години

Откако вербално го нападна соиграчот Мауро Икарди на сред дербито со Јуве, Даниел Освалдо заврши надвор од составот на Интер, екипа која веќе не смета на него. Каде и да играше, Италијанецот со аргентинско потекло даваше голови, но правеше и проблеми, караници и тепачки.

Коридата на Пау Гасол и биковите

Шпанскиот центар постигна рекордни за него 46 поени и 18 скокови, во победата на Чикаго Булс над Милвоки Бакс 95:87.

Рома - Лацио од 15:00 и Барселона - Атлетико М. во 21:00

Единаесетиот ден од новата година носи неколку дерби средби во најдобрите европски лиги, кошарка НБА и АБА лига, како и тениски загревања пред Австралија Опен.

Како се кине мрежата на ПСЖ

Во натпревар од француското првенство, ПСЖ водеше 2:0, а на крајот загуби со 4:2 од Бастија. Јунакот на големиот пресврт вечерва против ПСЖ, Жулиан Палмиери даде два гола, од кој едниот беше право ремек дело.

Триколорите не’ отрезнија пред Светското во Катар

Фаворитот број еден за светското злато, репрезентацијата на Франција убедливо ја победи нашата селекција на турнирот во Нант 30:20 . Аргентина претходно го освои третото место, откако го совлада Алжир 21:20.

Македонија - Франција во 18:00

Спортската понуда зема замав во новата година. Македонската ракометна репрезентација се загрева за Мундијалот во Катар, каде денеска се игра финале од тениски турнир. На фудбалската сцена продолжува редовните кола во најсилните европски лиги.

Атланта Хокс не знае за доста

По двете одлични партии на кои постигна по 13 поени, Перо Антиќ синоќа беше поштеден, а неговите колеги го збришаа и Детроит Пистонс и му ја прекинаа серијата од 8 победи во низа. Хокси играат импресивна сезона и скор од 23-3 на последните 26 меча.

На Панатинаикос му се игра Јадранска лига

Повеќекратниот европски и грчки шампион, ПАО размислува да се приклучи на јадранскиот кошаркарски караван, незадоволен од односот на грчката лига кон нив.

Македонија го торпедираше Алжир

Македонската ракометна репрезентација прикажува врвна форма пред Светското првенство во Катар кое стартува за една недела. Подготвителниот турнир во Нант тимот на Обрван го почна со убедлива победа од 12 голови разлика.

Победа за роденден на новиот тренер на МЗТ Скопје

Долгогодишниот помошник тренер на клупата на МЗТ Скопје, Алек Јончевски успешно ја започна самостојната тренерска кариера на клупата на скопскиот тим, откако металците вечерва го победија Шолнок на гости 73:76. Следна е Крка на селекторот Џикиќ следниот викенд.

10 римски дербија од историјата

Кам бекот на Ди Канио по 16 години, четирите голови на Монтела, смртта на Винченцо Папарели, скандалозниот прекин, првото историско финале во купот. За дуелот меѓу Рома и Лацио кој ќе го гледате во недела има многу да се раскажува. 

Фудбалер на Саутемптон доби награда од компјутерска игра

Секој фудбалер сонува за престижна награда, како што е на пример „Златната копачка“ или „Златната топка“, но десниот бек Натаниел Клајн без срам и перде подигна награда од играта Fantasy Premier League. Причината не е дека е најдобар, туку затоа што во полусезоната најмногу му рипнала цената.

Зошто е лесно да се победи Арсенал

Топџиите во Премиер лигата ја имаат деветтата најдобра одбрана според примени голови, а главниот проблем не е слабата одбрана, туку раштиманиот среден ред каде недостасува цврстина.

Фудбалер на Торино против тероризмот

Мароканецот Ел Кадури од Торино денес на Твитер постираше слика преку која се обиде да покаже дека луѓето треба да ја сфатат разликата меѓу религијата и теророт.

Што треба да гледате викендов?

Барселона, Манчестер, Евертон, Неапол и Рим викендов ќе бидат градовите во кои ќе се играат дерби натпревари. Конкурентноста за врвот ги прави овие средби уште поголеми и потензични.

Стиви Џи од прва во агол

Откако објави дека на лето го напушта Ливерпул и преоѓа во ЛА Галакси, Стивен Џерард ги смрзна сите навивачи на Енфилд. Голов на тренинг можеби малку ќе ги расположи.

Првиот Фејв на Твитер на Серхио Агуеро

Напаѓачот на Манчестер Сити има близу осум милиони следбеници на Твитер, твитнал околу 3.700 Твита и следи околу 116 луѓе на оваа мрежа. Од почетокот, па до сега фејвнал само еднаш и тоа вчера.

Англиските клубови заработија 10 милиони долари од Мундијалот

Во вид на компензација за настап на нивните играчи, од островот најмногу инкасираше Челси, 1,2 милиони долари, додека двете екипи од Манчестер и Арсенал добија по нешто повеќе од милион долари.

Како работи пазарот за фудбалери во месец јануари?

Ниту еден клуб не сака да загуби некој од своите фудбалери во зимскиот преоден рок и да нема доволно време да најде соодветна замена за вториот дел од сезоната. Најскапиот трансфер во историјата на зимскиот преоден рок е оној на Фернандо Торес од Ливерпул во Челси.

Најбрзите и највредните играчи во Премиер лигата

Истиве податоци неодамна ги пишувавме за фудбалерите на Барселона и тоа значи дека Сисоко од Њукасл во игра е побрз од Меси.

Роналдо не ги сака секогаш камерите

Карло Анчелоти градското дерби од купот го почна без Кристијано Роналдо, а за тоа што губеше, на Португалецот изгледа крив му беше камерманот на кој му се обрати со зборовите: Немаш попаметна работа.