Со триумфот над Наполи, Јувентус повторно се врати на лидерската позиција и во моментов ѝ бега на Рома три бода. Римјаните се надеваа дека по бодот освоен со Лацио ќе можат да се израмнат со бројот на бодови со Старата Дама, особено што црно-белите во Неапол немаа славено цели 14 години. Сепак, со головите на Погба, Касерес и Видал, Јувентус го преброди тешкото гостување. После мечот, претседателот на Наполи Антонио Де Лаурентис на Твитер напиша дека Јувентус има помош од судиите во Серија А.
„Неприфатливо е шест судии да не можат да видат два играчи во недозволена позиција. Или се работи за неспособност или за лоша намера, трето нема. Овие судии мора да бидат исфрлени на подолго време“, напиша филмскиот режисер на својот Твитер профил.
Ништо поблаг не беше ниту Рафа Бенитез, тренерот на Наполи, кој по натпреварот изјави дека е тешко да се игра со вакво судење.
„Сите знаеме дека Јуве е многу силен, но ќе употребам една реченица што ја научив минатата година и ќе ја повторам и сега: Нека биде. Офсајдот беше милиметарски, Киелини носеше бел завој на главата е го покри Касерес, а инаку и двајцата беа во офсајд. Нека биде, нека им стои“, додаде Бенитез после поразот.
Де Лаурентис не престана со критиките и цела вечер постираше на Твитер, а поддршка доби и од навивачи на другите италијански клубови.
„Уморни сме од сево ова. Јувентус е многу силен тим, но кога му помагаат судиите, станува непобедлив“. Не знам што треба да се случи, Јувентус да нема спорни моменти на еден натпревар“, бесно реагираше Де Лаурентис на Твитер.
Спорниот гол на Мартин Касерес, со кој Јуве поведе 1-2:
Хајлајтс од натпреварот и головите: