Доказ дека во Атланта најсилната страна е колективот, е тоа што сите кошаркари од првата петорка партиципираа со двоцифрен број на поени меѓу 11 и 19. Најдобар поединец беше Ал Хорфорд со 19 поени и 16 скокови, додека неговиот противник Андре Друмонд остана на само 4 коша и 5 скока. Хокси демонстрираа најголема доминација во првиот дел кога имаа предност од 64:45, но Пистонски се вратија во игра и на крајот загубија 106:103.
Само една победа повеќе од нив во НБА лигата имаат кошаркарите на Голден Стејт кои го совладаа Кливленд без Леброн Џејмс со 112:94. Вориорс стигнаа до шесто ославје по ред, вкупно 29-то сезонава, а најмногу импресионираат на домашен терен каде на шест меча по ред постигнуваат по минимум 110 поени. Ствен Кари и Клеј Томпсон заедно постигнаа 47 поени.
Победничката акција на Филаделфија против Бруклин
Забивањето на Брук Лопез од Бруклин
Чудниот поен на Тревор Букер од Јута Џез
Топ 10 потези
РЕЗУЛТАТИ:
Индијана – Бостон 107-103 (продолженија)
Бруклин – Филаделфија 88-90
Детроит – Атланта 103-106
Њу Орлеанс – Мемфис 106-95
Оклахома – Јута 99-94
Вашингтон – Чикаго 102-86
Милвоки – Минесота 98-84
Сан Антонио – Феникс 100-95
Сакраменто – Денвер 108-118
Голден стејт – Кливленд 112-94
ЛА Лејкерс – Орландо 101-84