Главниот адут на Хокси е колективната игра, а доказ за тоа е што голем број од играчите редовно партиципираат со двоцифрен број на поени. На синоќешниот меч двоцифрено погодија дури осуммина кошаркари, а на претходниот дуел против Детроит тоа го стори целата прва петорка.
Антиќ вели дека тимот се забавува кога игра заедно, играчите се поддржуваат меѓусебно и веруваат во системот на игра.
„Кога добиваш поддршка можеш и да утнеш на шут, но знаеш дека имаш играчи кои прават да играш со поголема доверба и да биде подобар. На секој тим му е потребна добра клупа и јас сум среќен што сме обединети“, изјави македонскиот кошаркар.
Перо против Вашингтон постигна 12 поени, а имаше и 5 скока и 2 асистенции. На последните 10 меча дава во просек дава по 9,3 поени по натпревар и има во просек по 3,2 скока, една асистенција и 0,3 блокади и 0,2 украдени топки.
Најдобро му оди месецов кога за време на неговата минутажа во просек по 19 минути, остварил скор од 12 поени, 3,3 скокови, 0,8 асистенции и по 0,3 блокади и украдени топки.
Статистички најдобар поединец кај Атланта сезонава е Џеф Тиг кој во просек игра по 31,5 минути и остварува учинок од 17,4 поени по натпревар, 7,2 асистенции, 2,8 скока, 0,4 блокади и 1,8 украдени топки.
Изјавата на Антиќ по вчерашниот меч против Вашингтон
Сите негови поени (видео maknba)