Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Неочекувана кошаркарска завршница

Кога во кошарка топката е кај тебе, водиш со два поена и до крајот остануваат само 0,6 секунди, обично времето е на твоја страна. Обично.

Лацио портокалов

Римскиот клуб во своите редови ќе го донесе и третиот Холанѓанец, а воедно и трет одбранбен фудбалер од оваа земја. Велси Хут доаѓа од АЗ Алкмар, екипа со чија одбрана командуваше во последните две години.

Ножичките на Тим Кејхил против Кина

Репрезентацијата на Австралија против Кина игра за полуфинале на Азискиот Куп на нации, а резултатот го отвори Тим Кејхил со еврогол во 49. минута. АКН се игра во Австралија, а за полуфинале ќе играат уште Иран, Ирак, Јапонија и ОАЕ. Јужна Кореја е прв полуфиналист.

Во Кале игравме на нула степени и имавме само еден туш, па бевме прваци

Славната ракометарка на Кометал, е најмлада од шампионската генерација на овој тим. Се повлече во 2007-та на 27 години, гори од желба повторно да заигра, но сега е посветена на тренерската работа со 110 деца кои ги тренирала и бремена. За Македонија смета дека сега е најзрела за успех во Катар.

Кралот опседнат со малиот викинг Одегард

Норвешкиот вундеркинд и официјално е нов играч на Реал Мадрид, клуб кој во него гледа нов миленик и нов Кристијано Роналдо. Тренер ќе му биде Зинедин Зидан, а во Реал ќе се вработи и татко му.

Сервис во јајца

На меч од Австралија Опен, Фелисиано Лопез се обиде со удар од 200км на час да му направи ас на Францзинот Андриан Манарино. Метата беше целосно погрешна, а тоа многу болеше.

Пет промашени зицери на Филаделфија под кош

Филаделфија сериозно мисли да биде најлош тим во НБА лигата како лани и на тој начин да стекне право на првиот пик на драфтот. Знаевме дека се лоши, ама не до толку. Синоќа промашија 5 обиди под кош против Њујорк Никс.

Атланта нема намера да застане, 12 поени на Антиќ

Кливленд Кавалерс со Леброн Џејмс ја совладаа Јута, а победи остварија уште и Голден Стејт, Оклахома, Мемфис, Далас и Њујорк. Коби Брајант се повреди во третиот период.

Шпанската серија на Пандев и Ледезма со Лацио

Во сезоната 2009/2010, Лацио ги отстрани од првиот состав Горан Пандев и Кристијан Ледезма, затоа што одбија да продолжат договор со римскиот клуб. Пандев се снајде, Аргентинецот не.

Македонија не го мина четвртиот испит во Катар

Македонската ракометна репрезентација одигра јуначко прво полувреме против силниот противник кој го водеше со +4, но битката ја загубивме во вторите 30 минути и Хрватска го доби мечот со 29:26.

Вугринец сака да игра во Рио на 41 година

По неуспешните обиди на РФМ да го ангажира Словенецот за ЕП 2014 година, Ренато Вугринец конечно доби зелено светло од ИХФ да го облече црвено-жолтиот дрес. Амбициите го водат до Рио Де Жанеиро.

Будимир: Против Хрватска со агресивна одбрана до тепање

Поранешната европска шампионка со Кометал Ѓорче Петров (2002) и Шлагелсе (2004), вели дека Македонија мора денеска да оди на победа. Таа смета дека дуото Јоновски-Марковски ќе заврши работи во одбрана, а најголемата разлика во ракометот според неа е во голманите.

Лазаров најефикасен во првите три кола

Македонските ракометари на првите три средби постигнаа 91 а примија 78 голови. Дејан Манасков втор стрелец во нашата репрезентација со 13 погодоци, 9 помалку од капитенот Лазаров.

Вори: Круна ќе им биде на Македонците ако ни го земат скалпот

Без оглед што ги почитуваме, рецептот за победа е мошне едноставен. Подобри сме од нив и ако играме како знаеме и можеме, сигурно ќе ги победиме, вели капитенот на „коцкестите" кој го игра 14. големо натпреварување во кариерата.

Обрван нема да пее ниту една химна, ги почитува и двете

Македонија игра одлична одбрана и напад, а големи заслуги за тоа носи Хрватот Ивица Обрван, селекторот на нашата репрезентација и тренер на францускиот Шамбери. Пред дуелот со Хрватска вели дека не е напнат и дека можеме многу да добиеме со победа.

НБА докторите Стив Кер и Мајк Баденхолцер

Човекот што му кажа не на Фил Џексон за да го превземе Њујорк Никс не се кае за одлуката, затоа што во моментов неговиот Голден Стејт Вориорс е лидер во НБА, заедно со Атланта Хокс.

Хет трикот на Македонија во Катар донесе рекордна заработка на Типстер

Типстерите добро се офајдија и од победите на Хрватска и Франција против Австрија и Чешка.

Џовинко ги шие со плата Буфон, Балотели и Бензема

Италијанскиот напаѓач не е на рангот на врвните светски играчи, но доби повик од Канада вреден 50 милиони долари за престој од 5 години. Толку пари во моментов не им исплаќаат ниту Реал Мадрид и Баерн Минхен на Родригез и Робен.

Гол за само пет секунди

Тренерите и резервните фудбалери на Сент Паули и Винтертур уште не седнаа на клупата, а германскиот состав веќе водеше 1:0 со голот на Јулијан Кох.

Неизвесен е боксерскиот дуел што сите го очекуваат

Мани Пакијао изјави дека што е до него нема никаков проблем во мај да излезе во рингот и да боксува за титулата против Мејведер кој уште не се изјаснува за евентуалниот дуел. Филипинецот го предизвика Британецот да одговори до крајот на јануари.

Првите атракции на Австралија Опен

Ѓоковиќ, Федерер, Надал и останатите фаворити, првите противници на Отвореното првенство во Мелбурн ги минаа рутински, а некои од нив успеаа да изнудат аплауз повеќе со мајсториите на терен.

Ем лакта ем глуми

Моментот е од натпреварот Тринидад и Тобаго - Панама, одигран во рамките на КОНКАКАФ Купот за играчи до 20 години.

Торино го заборави Дел Пјеро

Легендарната 10-ка на Јувентус на изненадување на многумина, остана без титулата почесен граѓанин на овој град.