Лазаров најефикасен во првите три кола

Македонските ракометари на првите три средби постигнаа 91 а примија 78 голови. Дејан Манасков втор стрелец во нашата репрезентација со 13 погодоци, 9 помалку од капитенот Лазаров.

По триумфите над Тунис 33:25, Иран 33:31 и Бих 25:22, нашите репрезентативци денес ќе го имаат најголемиот предизвик од почетокот на СП, против Хрватска. Најмногу голови, очекувано постигна Лазаров, а веднаш зад него ефикасни беа уште и Манасков, Миркуловски, Мојсоски и Ѓеоргиевски.

- Кире Лазаров: 10 голови против Тунис, 9 против Иран, 3 против Босна. Вкупно 22 голови.

- Дејан Манасков: 6 против БиХ, 1 против Иран, 6 против Тунис. Вкупно 13 голови.

- Филип Мирклуовски: 6 голови против Тунис, 1 гол против Иран, 3 против БиХ. Вкупно 10 голови.

- Наумче Мојсоски: 4 голови против Тунис, 1 против Иран, 3 против БиХ. Вкупно 8 голови.

- Гоце Георгиевски: 4 против БиХ, 3 против Иран, 3 против Тунис. Вкупно 10 голови.

Што се однесува до исклучувањата од две минути, Аце Јоноски има вкупно 5 (3 против БиХ, 2 против Тунис). Стојанче Стоилов два пати беше исклучен против БиХ, еднаш против Иран и еднаш против Тунис за вкупно 4 исклучувања. Никола Маркоски два пати исклучен против Тунис и два пати против Иран.