Атланта нема намера да застане, 12 поени на Антиќ

Кливленд Кавалерс со Леброн Џејмс ја совладаа Јута, а победи остварија уште и Голден Стејт, Оклахома, Мемфис, Далас и Њујорк. Коби Брајант се повреди во третиот период.

Кошаркарите на Атланта Хокс се во сериозна серија, а новиот, 14. триумф по ред им го донесоа ДеМари Керол и Џеф Тиг со по 17 поени. Во победата против Индијана 110:91, одлична партија пружи и Перо Антиќ со 12 поени и 4 скокови. Најефикасен во редовите на Индијана беше Мајлс со 18 поени.

Соиграчот на Џеф Тиг, Денис Шродес се насмеа на новинарското прашање дали тоа беше прво забивање на Тиг во кариерата, по што Тиг изјави дека забивал и претходно.

НБА статистичарите забележале дека забивањето на Џеф Тиг вчера било 16-то во неговата 12-годишна НБА кариера. Последен пат Тиг забил на 16. ноември 2012. година во Сакраменто, пред 198 натпревари. Во меѓувреме, тренерот на Атланта Хокс доби покана да води една од ОЛ-СТАР екипите, прв тренер на Хокс по 1994. на овој настан.

Првото забивање на Кајл Корвер после две години:

Шутот после финта на Перо Антиќ за број еден потег на дуелот:

Леброн Џејмс беше под знак прашалник за дуелот со Јута Џез поради настинка, но сепак се појави на паркетот и постигна 27 поени, 9 асистенции и 9 скокови во триумфот на Кливленд 106:92. Ефикасни беа уште и Кајри Ирвинг со 18 и Кевин Лав со 19 поени и 13 скокови. Одлична партија пружи и Тимофеј Мозгов со 16 поени и 13 скокови. Кај џезерите, Енес Кантер водечки стрелец со 24 поени и 17 скокови.

Забивањето на Кралот Џејмс:

Дурент преку Полјакот Гортрат:

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот Хорнетс – Мајами Хит 78:76
Кливленд Кавалирс – Јута Џез 106:92
Филаделфија 76ерс – Њујорк Никс 91:98
Атланта Хокс - Индијана Пејсерс 110:91
Детроит Пистонс - Орландо Меџик 128:118
Мемфис Гризлис – Торонто Рапторс 92:86
Минесота Тимбервулвс – Далас Маверикс 75:98
Њу Орлеанс Пеликанс - ЛА Лејкерс 96:80
Вашингтон Визардс - Оклахома Сити Тандер 103:105
Феникс Санс - Портланд Трејл Блејзерс 118: 113
Сакраменто Кингс - Бруклин Нетс 100:103
Голден Стејт Вориорс - Хјустон Рокитс 126:113