Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Ливерпул - Челси во 13:45 и Партизан - МЗТ Скопје во 21:00

Викенд спортската понуда почнува со по еден натпревар во АБА и НБА лигата и микс на фудбалски натпревари од најсилните европски лиги.

Пораз за Атланта со звукот на сирената

Хокси го забележаа и третиот пораз оваа сезона во НБА лигата, откако на гости во Шарлот не ја издржаа битката во последните секунди и загубија со 122:99.

Осврт на петтото коло во Бизнис Лигата

Љуљзим Каштањева од екипата на UNIQA беше најефикасниот играч на колото во Бизнис лигата на Македонија, а за најдобра екипа е прогласена Dominos Pizza.

Трејлерот за златната Германија

Аргентина го има Меси, Португалија Роналдо, Бразил Нејмар, а Германија Маншафт или националната фудбалска репрезентација. Во документарецот (излегува на средина од ноември), ќе може да го видиме патот на Германците до златото во Бразил.

Кој е Мута Николиќ, новиот тренер на МЗТ?

Скопскиот клуб се договорил со поранешниот кормилар на Раднички Крагуевац и актуелен помошник во српската селекција. Мута важи за тренер кој не знае да изброи до 10 и зборува на прва сè што мисли.

Индира: Не сум задоволна од досегашните игри

Ракометарките на Вардар во недела го играат четвртиот натпревар од ЛШ против Подравка, а тренерот Индира Кастратовиќ и левото крило Маја Зебиќ се сложија дека тимот не игра на потребното ниво.

Врбица си замина од МЗТ?

Врбица Стефанов не дошол на вчерашниот тренинг на МЗТ, и веќе се знае дека тој повеќе нема да биде тренер на скопскиот клуб.

И по Колина, Романи

Клаудија Романи (34) ја заврши манекенската кариера и конкурираше за судијка во фудбалска Италија. Откако ги поминала сите квалификации и тестирања, Романи и официјално добила дозвола да суди дуели од Серија А и Серија Б. Навива за Милан.

Куманово - Фени на МРТ и Галатасарај - Нептунас на Спортклуб 1

Вечерва низ Европа се играат натпревари од Евролигата, а дербито на вечерта се игра во Атина каде ПАО го пречекува Емпорио Армани. Типувајте на Типстер и освоите подароци.

Роналдињо на тренинг ја залепи од прва

Од некој друг би се одбила како од дрво, а Бразилецот покажа како се потпишува со топката.

Ефикасна вечер во ЛЕ

Во 4. коло од Лигата на Европа паднаа 76 гола. Адеми и Динамо испаднаа по убедливиот пораз од Салцбург во Загреб. Реми за Абдурахими со Локерен, пораз на Муарем од Днипро.

Се откажуваат од играње поради висок пораз

Веста на денот ни доаѓа од Шпанија каде малолетници постигнаа резултат кој ретко може да се види и на ракомет.

Берлускони го сака Милан без странци

Претседателот на Милан изјави дека клубот почнал со нова филозофија според која во составот ќе играат само млади италијански фудбалери. Му смета што Интер го води човек од Индонезија, а не Масимо Морати.

Адеми и Абдурахими немаат право на кикс

Македонските претставници го играат четвртото коло во Лига Европа. Минатото коло Муарем Муарем му донесе 3 бода на својот тим на гости, а вечерва со нова победа против Дњипро ќе бидат многу блиску до пласман во следната фаза.

Брајан Руиз можел и од корнер

Фудбалерот кој се прослави на СП 2014 со Костарика, моментално игра во Чемпионшип за Фулам. Прецизната левица вчера ја покажа против Блекпул од мртов агол.

16 меча казна за удар во око

Фудбалерот на Таргу Муреш, Габриел Мурешан ќе мора да плати и парична казна од 4.500 фунти за лактот кој му го додели на Раул Русеску од Стеауа Букурешт на 26 октомври.

РК Вардар го суспендираше Милиќ

Голманот на скопскиот клуб претходниот викенд беше исфрлен од српската репрезентација затоа што пијан се вратил во хотелот, а сега го казнија и во Вардар.

Играта на Сити подосадна од мачкање путер

Додека обложувачите и навивачи се нервираа што Сити како фаворит губи од ЦСКА Москва, еден навивач на англискиот клуб си нашол занимација.

Антиќ: Љубовта спрема браќа не се дели

„Да бев во Европа и да можев да спојам два дена, веднаш ќе се качев во авион за да присуствувам на тој меч“, вели кошаркарот на Атланта Хокс.

Ибраими ги стиши гостите од Лондон

Мурињо се жалеше во саботата дека фановите на Челси не се доволно гласни, по што вчера на гостувањето во Словенија им мереа децибели.

Евертон - Лил на МТВ1 и Феенорд - Ријека на Арена Спорт

Четврто коло и 8 средби од ЛЕ и кошаркарска Евролига вечерва на ТВ.

Џинобили им пресуди на Антиќ и Атланта

Иако Хокси одиграа одлично второ полувреме и го држеа натпреварот во егал, последните два коша беа дело на Аргентинецот со кои Сан Антонио славеше 94:92 против Атланта.