Ван Гал е полош од Гигс и Мојс

Манчестер Јунајтед е во постојана трка за третата позиција во Премиер лигата која носи директно учество во Лигата на шампионите, но холандскиот стратег никако не може да фати ритам за да ги мине конкурентите.

„Црвените ѓаволи“ се на петто место со 44 бода, зад нив се Тотенхем со 43 и Ливерпул со 42, а пред нив Саутемптон и Арсенал кои им бегаат само бод.

Причините за тоа се играта топло-ладно на неговиот тим кој има само три победи на последните 8 меча. Јунајтед пред нерешениот исход против Вест Хем, само бод на гости освои и против Стоук, Тотенхем и Астон Вила, а загуби од КПР.

Анализата за тоа колку победуваат тренерите на Манчестер Јунајтед до овој период од сезоната покажуваат дека Луи ван Гал е послаб од сите тројца негови претходници.

Холанѓанецот победил на  48%, а Дејвид Мојс беше малку подобар од него и беше отпуштен. Број 1 се знае кој е.

 

11 февруари 2015 - 13:34