Шкотската фудбалска федерација направи гест за паметење од кој може сите да учиме. Во изборот за гол на месец јануари стави и погодок на млад навивач на Селтик кој исто така ја затресе мрежата минатиот месец.
Се работи за 11 годишниот Џеј Бити кој има Даунов синдром и кој пред неколку недели доби ВИП третман на мечот меѓу Хамилтон и Селтик. За време на паузата меѓу двете полувремиња тој доби шанса да изведе пенал на стадионот Њу Даглас Парк, а откако го постигна голот доби аплауз од сите гледачи.
Домаќинот Хамилтон го загуби мечот со 2:0, а по завршувањето на мечот на Твитер профилот на клубот стоеше дека сепак поразот од Селтик изнесувал 3:0. Овој посебен гол на Џеј не е додаден само формално во изборот, туку навивачите ќе може да гласаат и за него.
Клик ТУКА за да ја прочитате и видите емотивната поврзаност на грчкиот напаѓач Јоргос Самарас со Џеј.