Малиот Џеј Бити кој има Даунов синдром од дома ги проследи последните мигови од средбата на Грција, а по завршувањето на мечот доби специјален поздрав од својот идол кој рече дека ќе му го чува дресот од натпреварот.
Нивната поврзаност почна на „Селтик Парк“ на крајот од оваа сезона, кога Самарас заедно со него ја славеше шампионската титула na Селтик. Претходно Џеј доби внимание и од тренерот Неил Ленон кој му го поради шампионскиот медал.
Самарас во соработка со Фудбалската федерација на Грција ќе се обиде да му организира патување на навивачот, за да го проследи осминафиналниот натпревар против Коста Рика од трибините во Бразил.