Манчестер Сити со последните освоени 3 бода стигна до 1000 освоени бодови и откако англиското фудбалско првенство во 1992 година се преименува во Премиер лига стана деветтиот клуб со таков дострел.
Сите останатите екипи веќе одамна ја надминаа оваа бројка, па така пред Сити се наоѓа Њукасл кој има 1139 бодови, Астон Вила е подобра со 1190, а со само 6 повеќе им бега Евертон.
На челната позиција на оваа табела е Манчестер Јунајтед кој доминира со 1863 бодови. „Црвените ѓаволи“ за 23 години оствариле 560 победи, 183 нерешени и 130 порази, а имаат 1734 дадени и 770 примени голови.
Пред една година Јунајтед кој има 13 титули под водство на Фергусон, стигна до јубилејна бројка од 1000 бодови, но освоени само на „Олд Трафорд“.