Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Детална споредба, Роналдо vs Нејмар

Кристијано Роналдо кој ги освои двете последни Златни топки и Лионел Меси претходните четири по ред, се главна тема за правење компарација во сите статистики. Нејмар е втора сезона на „Камп Ноу“ и веќе почна да собира мастрав за да биде споредуван со најдобрите, барем што се однесува во бројки.

Најопасните резервни играчи

И големите трошаџии како Челси, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона најдобрите понекогаш ги оставаат на клупа. Тоа најчесто зависи против кого играат и во кое натпреварување. На видеово има 15 такви случаи, а ако ја собереме вредноста на тие што ќе ги видите на клупа ќе треба да броиме во милијарди,

Славни фудбалски имиња кои се потенцијални пензионери

Откако минатата сезона збогум на фудбалот му кажаа играчи од калибарот на Пујол, Гигс, Анри, Занети и Раул, им се ближи крајот уште на неколку ѕвезди кои се ветерани. Повеќето од нив се наполнија со трофеи, а за пари не ги жалиме, ќе се снајдат.

Никогаш потешка борба за ЛШ во Премиер лигата

На 14 кола до крајот од сезоната во Премиер лигата, Саутемптон, Ман. Јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул и Вест Хем се борат за местото кое води во Лигата на шампионите, а бодовната разлика меѓу нив никогаш не била толку мала во последните 10 години.

Зошто не треба да си пристрасен?

Белгискиот судија Фредерик Гелдоф минатиот викенд предизвика многу контроверзи во тамошната лига, откако имал исто име и презиме со некој навивач на Кортик, за кој судијата досуди сомнителен пенал против Клуб Бриж.

Ливерпул - Тотенхем во 21:00

По богатиот спортски викенд, нема пауза ниту во текот на неделата. Во Премиер лига се игра редовно коло, а доколку ви се гледа имате и хокеј и алпско скијање.

Парма втор пат продадена за едно евро

Во само два месеци, италијанскиот клуб два пати беше продаден за 60 денари, иако долговите на „млекарите" остануваат повеќе од 50 милиони евра.

Со лопата да не го собравте?

Идејата и не е толку лоша, со оглед на тоа што некои сè уште не користат тркалца.

Решена најстарата спортска мистерија

На високите Анди во Чиле, планинарска експедиција пронајде остатоци од авионот кој се сруши пред 54 години и во кој загинаа 24 патници. Меѓу нив има осум фудбалери на тимот Грин Крос (Зелен крст) од чилеанската прва лига.

40 поени на Дурент, јубилеј на Поп, Антиќ не играше

Ноќта во НБА ја одбележа јубилејниот триумф на Грег Поповиќ како тренер на Сан Антонио, одличниот настап на „Дурантула“ и 41. победа на Голден Стејт Вориорс.

МЗТ загуби во последната секунда

Во последниот натпревар од 21. коло во Јадранската лига, МЗТ Скопје го претрпе 15. пораз во сезоната. По вторпат сезонава подобар од аеродромци беше Металац од Ваљево 69:67.

Ремито Лион – ПСЖ донесе најмногу профит

Типстерите заработија и на дербито во Италија кое Јувентус го доби против Милан со 3:1.

Навивач на колото

На толку убави голови изминатиов викенд, фалеше уште некој да видиме како им се радува. Голот на Едмилсон за Сантос низ една поинакво бразилска радост која нема врска со самба.

Најдраматични падови во клупскиот фудбал

Борусија Дортмунд ја одбрани титулата во Бундеслигата и стигна во финалето од ЛШ во 2013. година, но сега се борат за опстанок. Ваквиот пад на „милионерите“ нè натера да видиме кои некогашни гиганти имале слични падови, од кои уште не можат да се опорават.

Најголемите фудбалски трагедии во последните 30 години

Египет сè уште ги брои жртвите од синоќешниот судир на полицијата и навивачите, а ова е втор пат за три години поради иста причина да го суспендираат фудбалот во оваа земја. Од само 16 големи инциденти во поновата историја вкупно загинаа околу 700 луѓе во или околу стадионите.

Што донесе, а што не Африканскиот куп на нации

На 30. издание на Африканскиот Куп на нации имаше неколку изненадувања. Разочараа Камерун и Сенегал, рано испаднаа Тунис и Алжир, а свое шоу имаа и домашните навивачи, кои не се помирија што Екваторијална Гвинеја не влезе во големото финале.

Вардар - Војводина во 18:30 и Металац - МЗТ Скопје во 20:30

Ако викендов не ви беше доста од спорт, седнете пред тв и денес. Вардар и МЗТ имаат натпревари во регионалната ракометна и кошаркарска лига, а има и фудбалски меч од Серија А, прегледи со голови и Светско првенство во скијање.

Два дена на убави голови

Од Германија и Англија, до Франција и Италија, викендов во Европа паднаа неколку ефектни голови кои го обележаа колото. Во Бразил, голманот Рожерио Сени го даде 124. гол во својата кариера.

Викенд на Каталонци во Билбао

По Бернабеу во Мадрид, баскискиот Сан Мамеш во Билбао важи за најтешко гостување во Примера. Сепак, Барса вчера лесно го совлада Атлетик со 5:2, а стрелци на головите за Блауграна беа Меси, Нејмар, Суарез, Педро и еден домашен фудбалер. Барса сега има само еден бод помалку од лидерот Реал Мадрид.

Драма на три натпревари, Атланта загуби од Мемфис

Само два поени за Перо Антиќ во поразот на Атланта од Мемфис Грзилис 94:88. Во саботата му дадоа 124 поени на Голден Стејт, а синоќа Хокси беа задржани на само 88 поени. Дури три натпревари се решаваа во последните секунди.

Слоновите го освоија Црниот континент

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска е нов шампион на Африка, откако вечерва нa пенали ја совлада Гана. Конго го освои третото место.

Атлетик Билбао – Барселона и Лион – ПСЖ во 21:00

Во неделната спортска понуда преовладуваат фудбалските натпревари ширум Европа, а за тие што сакаат повеќе кошарка ќе може да гледаат два меча од регионалната лига и по еден од македонската и НБА лигата.