Клуб Бриж немаше пораз на 31 натпревар сè до неделата, кога загуби прв пат сезонава, на гостувањето во Кортик 2:0. Натпреварот го судел извесен Фредерик Гелдоф, кој пред крајот од средбата досуди пенал за Кортик и на тој начин фактички го одлучи мечот.
И покрај тоа што играчите на Клуб Бриж се бунеа, одлуката беше конечна и лидерот сега има само четири бодови предност во однос на ривалите, иако до пред неколку месеци им бегаше цели 12 бодови. Тензијата не се смири ниту доцна вечерта во неделата, кога излегла вест дека Фредерик Гелдоф бил член на групата „Red Side Kortrijk", по што медиумите го обвинуваа дека судел директно на штета на Клуб Бриж.
„Нема никаков случај Гелдоф. Информацијата што излезе по социјалните мрежи и во весниците е без основа. Ред Сајд Кортик нема ништо со фудбалот. Станува збор за проект од градот Кортик. Исто така, Фредерик Гелдоф не е член на здружението, туку друг човек со ист идентитет членува во групата на Фејсбук", изјави Пиер Корнез, портпарол на белгискиот фудбалски сојуз.
Целата ујдурма на крајот ја спречил правиот член на Црвената страна Кортик, Фредерик Гелдоф кој напишал на својот Фејсбук профил:
„Не, јас не сум судијата што ја свиреше Кортик - Бриж вчера!! Се надевам дека со ова ќе ги запрам навивачите што не ги познавам да ми праќаат покани за пријателство.