40 поени на Дурент, јубилеј на Поп, Антиќ не играше

Ноќта во НБА ја одбележа јубилејниот триумф на Грег Поповиќ како тренер на Сан Антонио, одличниот настап на „Дурантула“ и 41. победа на Голден Стејт Вориорс.

Кевин Дурент запиша 40 поени во победата на Оклахома Сити Тандер над Денвер Нагетс 124:114. Тоа беше 27. триумф за „громовите“ сезонава, а Дурент голема поддршка имаше и од Расел Вестбрук, кој додаде 29 поени, пет скокови и дури девет асистенции. Кај Нагетси, тројца кошаркари имаа преку 20 поени - Вилсон Чендлер 23, Кенет Фарид 22 со десет скокови и Тај Лоусон со 22 поени и девет асистенции.

Ѕверското забивање на Кенет Фарид синоќа:

Атланта Хокс продолжи со победничката серија, а на гостувањето во Минесота, Јастребите стигнаа до 43 победа. Најзаслужен за триумфот беше Ал Хорфорд кој имаше 28 поени и осум скокови. Одлична вечер имаше и Демар Керол со 26 поени, а Пол Милсап уфрли 19 поени и девет скокови. Антиќ воопшто не влегуваше во игра, а меѓу „волците" се истакнаа Кевин Мартин со 21 поен и пет скокови и Шабаз Мухамед со 18 поени и осум скокови. Црногорецот Пековиќ додаде 14 поени и осум скокови.

Нешто порано вечерта, Грег Поповиќ стана деветиот тренер во историјата на НБА лигата кој стигнал до 1000. победи.

Сан Антонио успеа да се врати од дефицит од 14 поени во последната четвртина и со кошот на Марко Белинели на две секунди пред крајот ја победи Индијана 95:93. Само двајца тренери, Фил Џексон и Пет Рајли стигнале до 1000. победи побрзо од Поповиќ. Џери Слоан победи на 1.127 натпревари со Јута, а Поповиќ стигна до подвигот во 19. сезона како тренер на Сан Антонио.

Паркер и Данкан имаа по 15 поени и осум скокови, а победата на Спарси ја пропушти Ману Џинобили, кој одмараше после поразот од Торонто во неделата. Кај Пејсерс, Родни Стаки уфрли 19 поени.

На победите им се вратија и „воините", кои славеа против Филаделфија 76' со пет поени разлика, 89:84. Стефон Кари со 20 поени, пет скокови и шест асистенции беше најефикасен кај тимод од Оукленд. По 13 уфрлија Клеј Томпсон и Андре Игудала. Кај '76-те, Роберт Ковингтон имаше 21 поен и осум скокови.

НБА Резултати:

Индијана Пејсерс - Сан Антонио Спарс 93:95
Филаделфија 76 - Голден Стејт Вориорс 84:89
Вашингтон Визардс - Орландо Меџик 96:80
Мајами Хит - Њујорк Никс 109:95
Милвоки Бакс - Бруклин Нетс 103:97
Минесота Тимбервулвс - Атланта Хокс 105:117
Њу Орлеанс Пеликанс - Јута Џез 96:100
Далас Маверикс - ЛА Клиперс 98:115
Денвер Нагетс - Оклахома Сити Тандер 114:124