Лидерот Челси и второпласираниот Манчестер Сити речиси сигурно ги обезбедија првите две места оваа сезона во Премиер лигата, додека за третото и четвртото ќе се борат дури шест клубови. Саутемптон во моментов е трет, пред Јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул и Вест Хем. Толку густо последен пат било во сезоната 2005/2006.
Минатата сезона разликата од третиот до осмиот на табелата изнесуваше 16 бодови, со Челси кој имаше 53 бодови и Њукасл кој беше осми со 37. Таков развој во последните 10 години, се случи и во сезоната 2011/2012. Тогаш Тотенхем беше трет со 50, а Сандерленд осми со 33 бодови, значи разлика од 17 бодови. Во сезоната 2005/2006, третиот и осмиот ги делеа само седум бодови. Ливерпул тогаш беше трет, а Вест Хем осми.
Во моментов распоредот од третото до осмото место на табелата во Премиер лигата е следниот: Саутемптон, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, Вест Хем. Саутемптон му бега осум бодови на осмиот Вест Хем.
Распоредот и бодовната разлика во претходните сезони на 14 кола пред крајот од сезоната:
2013/2014 - Челси, Ливерпул, Евертон, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Њукасл. Разликата меѓу третиот и осмиот беше 16 бодови, 53-37.
2012/2013 - Челси, Тотенхем, Евертон, Арсенал, Ливерпул, Свонси. Разликата беше 12 бодови, 46-34.
2011/2012 - Тотенхем, Челси, Њукасл, Арсенал, Ливерпул, Сандерленд. Разликата беше 17 бодови или 50-33.
2010/2011 - Манчестер Сити, Челси, Тотенхем, Сандерленд, Ливерпул, Блекбурн. Разликата беше 14 бодови или 45-31.
2009/2010 - Арсенал, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер Сити, Астон Вила, Бирмингем. Разликата изнесуваше 15 поени, 49-34.
2008/2009 - Челси, Астон Вила, Арсенал, Евертон, Виган, Вест Хем. Разликата меѓу третиот и шестиот беше 15 бодови, 48-33.
2007/2008 - Челси, Евертон, Астон Вила, Манчестер Сити, Ливерпул, Блекбурн. 15 бодови разлика, 53-38.
2006/2007 - Ливерпул, Арсенал, Болтон, Портсмут, Евертон, Ридинг. Разликата беше 12 бодови или 46-34.
2005/2006 - Ливерпул, Тотенхем, Арсенал, Виган, Болтон, Вест Хем. Разликата изнесуваше минимални седум бодови, 45-38 на 14 кола до крајот.