Споредбата е направена во трите натпреварувања каде Роналдо и Нејмар играат оваа сезона со своите екипи, Примера, Лига на шампионите и Копа дел Реј. Имаат ист број на одиграни мечеви, но Роналдо во просек по натпревар игра 86 минути, а Нејмар 75.
Интересно е што лидерот на Кралевите има само еден гол повеќе од напаѓачот на Барса, а никој не се издвојува ниту во успешните додавања, како и во процентот на успешни дриблинзи
Португалецот е подобар во асистенции и има 15 клучни додавања повеќе од Нејмар, а очекувано според тоа колку се разлика во висина, е поуспешен во воздушните дуели.
Нејмар може да се пофали дека има скоро дупло подобар просек на давање голови, а во успешни лизгачки стартови го води 15:2.