Името на главниот град на Канада и поранешната југословенска држава навидум немаат ништо заедничко, но кога во средина ќе им го додадеме зборот Метро, ќе излезе Торонто Метрос Хрватска.
Историјата на овој клуб почнува од 1975 година откако веќе постоечкиот Торонто Метрос формиран 20 години претходно заглавува во долгови и заминува во рацете на мала група Хрвати која живее во Канада и го преименува во Торонто Метрос Хрватска.
„Знаевме дека нема да им се допадне на никој тоа што имаме етничко име, но лигата беше на почеток и го прифатија целосното име. Често трпевме критики од останатите клубови и од медиумите, вели дефанзивецот Дамир Шутевски кој е роден во Загреб, но кариерата ја почнал во Торонто на 21 година.
Ниту еден друг клуб од Северна Америка немал етничка додавка на името, а невообичаен бил и начинот на кој се финансирал клубот, бидејќи акционерите истовремено биле и припадници и на црквата.
Торонто Метрос Хрватска имал статус на општествен клуб, со многу пари кој лесно правел трансфери. На еден собир за Пресвета Богородица било одлучено да се купи Филип Блашковиќ, врвен дефанзивец кој 11 години настапувал за Динамо Загреб.
„Платите кои беа одредени се базираа на европските стандарди. Имаше основна плата и бонуси за секого, а обично парите се собираат за најсилните играчи но сепак потоа се делеа за сите. Се сеќавам дека сите добивавме по 1.000 – 1.500 долари за меч, но доколку влезевме во плеј-оф, бонусите растеа. Секогаш велевме дека не плаќаа од срце за да ни ги задоволат потребите и желбите“, вели Шутевски.
Клубот се натпреварувал на стадионот кој го поседувал универзитетот во Торонто и кој собирал 22.000 гледачи, а во просек го следеле по 6.000 навивачи кои навивале како да се 16.000.
Тренер на екипата најпрво бил Иван Марковиќ, во тимот имало деветмина фудбалерите кои потекнувале од Хрватска и Југославија, а останатите биле од Грција, Полска, Северна Ирска, Германија, Унгарија и Канада.
Северно американската фудбалска лига позната како NASL станала привлечна за имиња како Пеле, Бекенбауер и Кројф, а хрватскиот Торонто направил бомбастичен трансфер со купувањето на Еузебио.
Португалската легенда со светска слава го соблекол дресот на Бенфика на 33 години откако настапувал 15 години за португалскиот клуб со кој ја освоил Лигата на шампионите. Засилувања кои заслужуваат суперлативи се и Бразилецот Иваир Фереира и Волфганг Шунхолц.
Во првиот дуел на двете легенди Пеле против Еузебио, победил Њујорк Космос со 3:0, но на изненадување на сите Марковиќ не му дал шанса за Еузебио кој по мечот изјавил дека тоа што останал на клупа има политична позадина.
На тренерската клупа на Торонто дошло до смена и тимот го воделе Марјан Билиќ и Домагој Катепановиќ кои успеале да стигнат до целта и да го освојат првенството во 1976 година. Еузебио ја завршил сезоната со 16 постигнати голови на 21 меч.
Клучниот меч против Минесота, фудбалерите на Торонто го добиле со 3:0 со головите на Еузебио, Лукачевиќ и Фереира, а коментаторите по директива, за време на претставувањето не смее да ги користат целосните имиња на екипите, туку само градовите од каде што потекнуваат.
Торонто Метрос Хрватска под тоа име продолжи да се натпреварува уште две години, а потоа беше преименуван во Торонто Близардс со чие име се натпреваруваше до 1984 година. Клубот сè уште постои и денеска, и се натпреварува во првата канадска лига под името Toronto Croatia.