Несреќен пораз на Атланта во Бостон, доминација на Вучевиќ

НБА вечерта синоќа ја одбележa инфаркт завршницата на дуелот меѓу Бостон и Атланта, кој го добија Селтикс 89:88 со кош во последната секунда. Црногорецот Вучевиќ сам го победи Њујорк Никс, а Мозгов одличен против Мајами Хит.

Атланта Хокс го доживеа првиот пораз после четири победи, а Бостон славеше четврта победа на последните пет натпревари.
 
Јастребите подобро го отворија натпреварот и пред полувремето изгледаше дека во Атланта ќе однесат сигурна победа. Сепак, Џеред Салинџер во последната четвртина ја почна серијата, која заврши со кошот на Тарнер за победа со звукот на сирената. Перо Антиќ на крајот се обиде преку ели-ап да му асистира на Хорфорд, но тоа не му успеа и Бостон стигна до неверојатна победа.
 
Ал Хорфорд со 22 поени и 12 скокови беше најефикасен кај Хокси, додека Салинџер беше најрасположен кај домашните со 17 поени и 15 скокови. За 11 минути на паркетот, Антиќ уфрли само еден поен, а имаше и четири скокови во тимот кој ќе има четири кошаркари на предстојниот Ол Стар натпревар во Њујорк.
 
Возбудливо беше и на средбата во Ер Канада центарот, каде Торонго го совлада Вашингтон 95:93. Целиот натпревар беше неизвесен и ништо не се знаеше до самиот крај. На 13 секунди пред финишот, при реултат 93:93, ДеМар ДеРоузан тргна сам на влез и поентираше со флоутер од табла преку рацето на Пол Пирс.
 
Најефикасен кај домашните беше Лу Вилијамс со 27 поени, а Џон Вол кај гостите уфрли 21 погодок. Дероузан запиша 23 поени, меѓу кои и клучните за победа.
 
Винерот на Демар Дероузан:
 
Кливленд го победи Мајами 113:93, но не беше Леброн Џејмс тој што го реши мечот. Играч на натпреварот беше Тимофеј Мозгов со 20 поени, а Кралот Џејмс придодаде 18. Марио Чалмерс даде исто колку и Леброн, но недоволно Хит да избегне пораз.
 
Забивањето на Леброн по асистенција на Мозгов:
 
 
Голден Стејт оди како најдобар тим во лигата пред паузата во НБА, во пресрет на Ол Стар викендот. Вориорс во моментов имаат учинок од дури 42 победи и само 9 порази пред продолжението од сезоната.
 

Воините синоќа во завршницата успеаа да ја победат Минесота 94:91 со поените на резерните кошаркари Андер Игудала (8 поени) и Бароса (10). Синот на Дел Кари, Стеф повторно беше најефикасен со 25 поени (9-23 од игра, 8 асист.), а Клеј Томпсон постигна 14 поени. Кај Вулвси, Кевин Мартин постигна 21 поен, а Никола Пековиќ имаше 17 поени, 13 скокови и 4 асистенции.

Во триумфот на Орландо над Њујорк Никс 89:83, натпреварот беше решен во третата четвртина, кога магичните направија одлична серија. Црногорецот Никола Вучевиќ постигна дури 28 поени и 18 скокови, а кај никогаш послабите Никси единствен расположен беше Џејсон Смит со 25 поени и седум скокови.

НБА резултати:

Портланд - ЛА Лејкерс 102:86
Далас - Јута 87:82
Детроит - Сан Антонио 87:104
Торонто - Вашингтон 95:93
Кливленд - Мајами 113:93
Њу Орлеанс - Индијана 93:106
Окалхома - Мемфис 105:89
Минесота - Голден Стејт 91:94
Милвоки - Сакрамнето 111:103
Орландо - Њујорк 89:83.