
Почетокот во Јуве не навестуваше ништо лесно за Мората. Уште на првиот тренинг се повреди во дуел со третиот голман Рубињо и потоа два месеци се опоравуваше од повредата. Откако се врати на теренот, Мората не играше на потребното ниво во Серија А и во двомечот со Олимпијакос каде влегуваше од клупата.
Првите пет месеци учеше, а во вторите го положи испитот. Алваро Мората сега му дава нова димензија на нападот на Јувентус и неговите конкуренти од нападот, Фернандо Љоренте и Алесандро Матри од клупата ги гледаат неговите фантастични настапи.
За смена во хиерархијата на нападот на Јувентус најзаслужен е тренерот Макс Алегри, кој откри дека Мората е совршен партнер за Тевез во нападот. Алваро и Нандо Љоренте се различни центарфори, првиот игра на сите позиции во нападот и работи за екипата, а вториот е класичен напаѓач стациониран во противничкиот шеснаесетник.
Круцијалниот момент за Мората стигна во 2015. година. Нова година, нов живот. Мората почна да асистира (на Видал против Наполи и на Тевез против Милан), а почна и редовно да дава голови. Шпанецот беше најзаслужен за пласманот на Јуве во полуфиналето од Купот на Италија, затоа што го даде голот против Парма на гости.
Следуваше гол против Милан, кој ја најави неговата кандидатура за првата постава во Лигата на шампионите против Дортмунд.