Offside

Чекаа, чекаа и конечно дочекаа навивачите на Манчестер Јунајтед да експлодира „Олд Трафорд“. Рома вечерва водеше 0-2, но во вториот дел домаќините предводени од сјајниот Бразилец Куња направија целосен пресврт. ПСЖ славеше 0-6 кај Виљареал каде даде 4 гола за 17 минути, а Баерн Минхен победи против Атлетико Мадрид.

Навивач на Арсенал го апдејтираше сајтот на Јунајтед

Џереми Ливингстон откри грешка на сајтот на Црвените ѓаволи околу бројот на титули на ФА купот, па од клубот ја исправија.

Најдобрите 20 голови со ефе

Легендарниот гол на Роберто Карлос не е единствен таков во историјата. Голови со големо ефе кога топката фаќа кривина паѓаа во неколку фудбалски шампионати во светот.

На 50 години бил мрзлив, на 99 руши рекорди во атлетика

„Ако немав лична карта, навистина немаше да поверувам дека сум на чекор до еден век живеење, особено кога ќе помислам дека не правам ништо посебно за да бидам ок“, вели поранешниот кројач кој почнал да се бави со спорт на 70 години.

Албанија се спрема за мечот на векот

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денес дека неговата земја и надлежните органи до најситни детали се подготвуваат за мечот против Србија на 8. октомври годинава, кога Албанците би можеле да остварат историски пласман на ЕП.

Сеќавање на Ирецот кој ја спаси Барселона

Иако беше заборавен неколку децении по смртта, по серијата текстови и документарци, се враќа сеќавањето на Патрик О'Конел, човекот што ја сочува Барселона од режимот на Франко, а на Бетис му ја донесе првата и единствена титула.

Добивка во белгиското првенство за тие што бркале ГГ

Често кукаме во кладилница кога ни фали еден гол, а сме уплатиле тикет со ГГ. Тие што играле парови од првото коло во белгиското првенство не утнале која и да ја пишале дека и двете екипи ќе дадат по минимум еден гол.

Ун, дос, трес во Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал одлично ја играат пред-сезоната каде веќе ги добија Ман. Сити 4-1 и Интер 3-0. За триумфот против Интер, Бенитез им дал слободно, па во базен се брчкаа и жонглираа Серхио Рамос, Начо и Иско.

Барса доби уште една казна

Во финалето на шпанскиот Кралски куп, навивачите на Барса и Атлетик Билбао свиреа додека се интонираше шпанската химна. Фудбалскиот сојуз ги удри по касите за тоа.

Голмани или мачки?

УЕФА ја објави номинацијата за најдобра одбрана на сезоната 2014/2015. Во конкуренција се неверојатните паради на Џиџи Буфон, Мануел Нојер и Џо Харт.

Навивачката страст не умира ни во четврта лига

Романскиот клуб Политехника беше вицешампион, два пати го освои романскиот куп, а има играно и во Лига Европа. Откако клубот пред неколку години се распадна поради финансиски проблеми, нов со истото име оформија навивачите кои на трибините прават спектакл како на аргентинско дерби.

Ретро ждрепка за Светско со Робин Вилијамс

Во пресрет на Мундијалот во САД 1994 година, Американците решија за време на ждрепката да има и хумор за кој е задолжен славниот сега веќе покоен актер Робин Вилијамс. На бината му правеше друштво на Сеп Блатер кој тогаш беше во својство на генерален секретар на ФИФА, функција која ја обавуваше од 1981 до 1998 година.

Најголемиот трошајлија се буни за трошајлиите

Жозе Мурињо ги критикува двете екипи од Манчестер дека трофеите ги купувале со пари, а математиката покажува дека тој уште малку ќе стигне до милијарда.

Живели Синиша Михајловиќ

Ретро реклама со тренерот на Милан за пивото Pils light во времето кога беше играч на Црвена Звезда.

Пиев виски со Кирк Даглас и му раскажував на Тито за Вардар

За Ивко Панговски велат дека е коментатор со најмногу постигнати голови поради неговиот коментар по кој е најпрепознатлив: Гол, гол...не е гол. Ни го извади листот со составот на екипите од првиот пренос кој одел на Радио Скопје во 1946-та и од првото годишно собрание на ФСМ. Тоа што тој го има по фиоки, го нема на интернет.

Кога Хулк дува торта

Забавата на сметка на физичката сила на Бразилецот од Зенит продолжува. Во најновата епизода Аршавин му носи торта со свеќички за роденденот.

Чудо од дете

Има 9 години, се вика Пијетро Томазели и игра во петлињата на Рома. За тоа што знае со топка сведочат видеава.

Урнебесниот имитатор на НБА ѕвездите

Брендон Армстронг не успеа да се задржи во НБА повеќе од три сезони, но докажа дека во моментов е најдобриот имитатор на познатите активни и пензионирани НБА играчи. Имитацијата на играта на Џејмс Харден ја победи конкуренцијата.

Клаудио Каниџа - Син на ветрот и најдобар другар на Диего Марадона

Од прекарот Син на ветрот до Коканиџа, ова е патот на еден од најсаканите аргентински фудбалери во историјата, кој само по своја заслуга ја прокоцка шансата да влезе меѓу најголемите.

Фетел прв низ целта во Унгарија, лош ден за Мерцедес

Четирикратниот шампион во Ф1, Себастијан Фетел за прв пат во кариерата победи на патеката Хунгароринг и триумфот му го посвети на Жил Бјанки, кој почина минатата недела по 9 месеци во кома.

Ново шоу на Марио Ѓуровски

Македонскиот привремен репрезентативец за секој гол има подготвено по некој нов специфичен начин на радување пред азиската публика. Муангтонг јунајтед победи викендов со 2:0, а Ѓуровски мајсторски го лобуваше голманот.

Гол на деценијата во Загреб

Динамо Загреб во саботата го декласираше Интер Запрешиќ со 5-1. Три гола постигна Армин Хоџиќ, а погодокот кој го постигна во осмата минута беше нешто што се гледа еднаш во 10 години.

Пандев е странец со најдолг стаж во Серија А

Со заминувањето на Давид Пизаро кој играше за Удинезе, Интер, Рома и Фиорентина меѓу 1999 и 2015 година, во новата сезона во италијанското првенство со најмногу поминато време влегува нашиот напаѓач кој летово направи кам бек во Италија.

Раџа Наинголан како Ешли Кол

Лани на турнеја во САД на секоја фотографија Ешли Кол се срамеше да застане до екипата, па годинава во Индонезија, Наинголан направи шега на сметка на левиот бек.

Македонија во група со Шпанија, Италија и Албанија

Денешната ждрепка за квалификациите за СП во Русија на нашите фудбалери им ги донесе Шпанија, Италија, Албанија, Израел и Лихтенштајн.