Џузепе Отавијани роден 1916 година прави обратно од сè што мислите и знаете дека прават пензионерите. Со 170 см висина, 50 килограми тежина и возраст од 99 години го сметаат за феномен во атлетиката и мистерија за науката.
Отавијани оди три пати неделно во теретана, трча, јаде сè и е мераклија на пиво. За време на Втората светска војна бил дел од воздухопловната армија, а животот го поминал работејќи како кројач.
На 50 години вели дека бил мрзлив и дека пушел, а со спортување почнал на 70 години. Пензионерските денови не ги поминува со весник на клупа, туку станал најуспешниот италијански атлетичар на сите времиња кој во конкуренција на ветерани освоил најмногу златни медали.
Тоа му успеа лани на Светското првенство во атлетика за ветерани во Будимпешта, каде влезе во Гинис со следниве рекорди:
Скок во далечина(1,83 метри, рекорд во Европа), трка на 60 метри (14 минути и 67 секунди), фрлање диск (14,20 метри), фрлање ѓуле (5,39 метри), скок во височина (0.82, рекорд во Европа), фрлање кладиво (12,17 метри), трка на 200 метри (рекорд во Европа), фрлање копје (11 метри), троскок (4,44, светски рекорд), фрлање кладиво со кратка рачка (5,54 метри).
Рекордот на трка на 60 метри
Рекордот во троскок
Интервју и тренинзи во теретана од 2011-та