Шпанската државна комисија за спречување на насилство, расизам и нетолеранција во спортот синоќа ги соопшти казните за Каталонците и Баскијците, кои на 30. мај бурно ја исвиркаа шпанската химна. Барса е казнета со 66.000 евра, Атлетик Билбао ќе мора да плати 18.000 евра, а најболно помина Шпанската фудбалска федерација која заработи казна од 123.000 евра.
Финалето го доби Барса на Камп Ноу со 3-1, а таа победа ја најави тројната круна на Каталонците, кои подоцна го освоија и првенството и Лигата на шампионите. Покрај оваа казна, Барселона пред неколку дена доби казна и од УЕФА, која им наложи да платат 30.000 евра поради истакнување каталонски знамиња за време на финалето до ЛШ против Јувентус во Берлин.
Во меѓувреме, на чело на СД Барселона остана Жозеп Бартомеу, кој доби мандат на последните избори во Блауграна откако го победи противкандидатот Лапорта. И покрај казната за трансфери до јануари, Барса летово испазари неколку играчи меѓу кои Арда Туран и Алеикс Видал. Клубот го напуштија Чави (Ал Сад), Мартин Монтоја (Интер) и Алекс Сонг (Вест Хем Јунајтед).