Горан Пандев ја почна кариерата во Италија во 2001-та кога на 18 години од Беласица премина во Интер Примавера. Потоа беше на позајмици во Специја и Анкона, а се прослави во Рим каде остана пет години и влезе во топ 10 листата на најпрецизни напаѓачи на Лацио со 64 голови.
Следуваше трансферот во Интер каде играше година ипол и ја освои тројната круна под водство на Мурињо. Следната дестинација му беше Наполи од каде по три сезони имаше едногодишна неуспешна авантура во Галатасарај.
Во новата сезона повторно се враќа во Серија А каде ќе го носи дресот на Џенова, а италијанските медиуми пресметаа дека по заминување на Чилеанецот Пизаро од Фиорентина, Пандев е странскиот фудбалер со најдолг стаж во првата лига.
15 активни странски фудбалери кои се најдолго во италијанското првенство:
1. Горан Пандев од 2001 година, (318 меча)
2. Марио Сантана од 2002, (256)
3. Самир Хандановиќ од 2004, (294)
4. Марек Хамшик од 2004, (357)
5. Филип Мексес од 2004, (264)
6. Мариано Иско од 2006, (246)
7. Николас Бурдисо од 2004, (239)
8. Кристијан Ѕапата од 2005, (222)
9. Маикон од 2006, (219)
10. Гарич од 2006, (185)
11. Инлер од 2007, (259)
12. Герман Денис од 2008, (226)
13. Стефан Лихштајнер од 2008, (222)
14. Матијас Силвестре од 2008, (189)
15. Родриго Паласио од 2009, (188)
Првиот гол во Серија А го постигна на мечот Болоња - Анкона одигран на 7 декември 2003-та кога на голот беше Џанлука Паљука.