Чехот Антоњин Паненка го доживеа врвот на својата кариера во Бохемијанс, некогаш големиот гигант од Прага и во Рапид Виена. Паненка влезе меѓу фудбалските бесмртници во 1976. година кога буквално во една секунда, во Белград го изведе фамозниот пенал очи во очи со големиот Сеп Маер. И покрај тоа, Чехот остана во сенка на неговите славни современици.
Во редот на неправедно запоставените фудбалери спаѓа и Клаудио Каниџа, фудбалер кој поради исклучителната брзина и техника го доби прекарот Син на ветрот (El Hijo del Viento). Се прослави во летото 1990. година, кога на 23 години беше еден од најдобрите играчи на Мундијалот во Италија.
На тоа СП, Каниџа стигна како чудниот напаѓач на Аталанта од Бергамо и беше познат по неверојатните потези на крило. Беше најзаслужен што Аргентина стигна до финалето на тој Мундијал, затоа што прво во осминафиналето на асистенција на Марадона го исфрли Бразил, а потоа во четвртфиналето и полуфиналето одигра маестрално против Југославија и домаќинот Италија.
Поради парните жолти картони, Каниџа го пропушти финалето против Западна Германија кога славеа Германците со голот на Андреас Бреме од пенал.
Сепак, Аргентинецот не успеа да се носи со славата и по Мундијалот загуби две години во Аталанта, од каде во 1992. година премина во Рома. На 25 години римските ноќи му нуделе многу повеќе отколку мирните и досадни вечери во Ломбардија под Алпите, а брзо се здружил и со кокаинот. Ноќните излегувања му биле почести од тренинзите, а сепарињата секогаш резервирани само на негово име.
По две години, Рома го шутна Каниџа затоа што било очигледно дека белиот прав потполно го земал под свое. Порокот дефинитивно го примил од Диего Армандо, својот брат, ментор, идол. И двајцата играа на СП 1994 година во САД, кога во групата Каниџа со два гола сам ја победи Нигерија.
Марадона на тоа Светско брзо падна на допинг контрола, поради присуство на ефедрин во крвта, по што Аргентина беше осудена порано да си оди дома, иако поставија висока цел во САД.
Следуваа години на лутање за Каниџа. Големите клубови бегаа од играч кој веќе не беше Син на ветрот, туку Коканиџа. Детето од Хендерсон, местото до Буенос Аирес беше и суспендиран на 13 месеци поради недозволени супстанци. На сето тоа му се надоврзала и смртта на мајка му за која бил многу врзан и тешката повреда поради што во 2000. година ја заврши сезоната во Аталанта.
Во 2001. година, Ивано Бонети го викна Каниџа во Данди. Темпераментот на Клаудио никако не одел заедно со врнежливата Шкотска, но за некое чудо Каниџа таму се препородил и набрзо станал најдобар играч во лигата. Одигра одлична сезона во Данди а потоа во следните две години во Глазгов Ренџерс стана култен играч и миленик на Ајброкс.
Одличните партии го вратија во репрезентацијата кај Марсело Биелса во 2002. година и СП во Јапонија каде поради црвен картон со Шведска ја затвори 10-годишната репрезентативна кариера. Играчките денови ги заврши во Катар во 2004. година и се пресели во сончевата Марбеља каде живее со преубавата ќерка Шарлот.