Offside

Во средината на јули Џани Инфантино имал поддршка од повеќе од 200 од вкупно 211 национални федерации а меѓу членките на УЕФА за него поддршка потпишале 50 од 55 членки. После само неколку дена европските федерации почнаа да му откажуваат поддршка по скандалозниот план на Швајцарецот да го приватизира Светското првенство и да продава акции како приватна фирма.

Погоди ги фудбалериве

Сите ги знаете ама кога ќе ги погледнете сега нема сите да ги знаете. Ние одевме еден по еден, се испонамачивме и не препознавме ниту половина од нив.

Унаи Емери - режисер на убавиот фудбал

И покрај тоа што единствените два трофеи ги освои во последните две години, Унаи Емери има големо меѓународно искуство за неговите години, а во моментов е најбаран тренер во Европа.

Рекламата со Ривалдо и детето

Во пресрет на саботното финале од Лигата на шампионите, оваа реклама снимена пред десетина години може повторно да биде актуелна. Ривалдо бара голтка, а детето дрес, но не го облекува.

Судбината на судијата кој ги украде Италијанците на Светско

Бајрон Морено е еден од најнепосакуваните ликови во Италија по Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја, а Џиџи Буфон за него изјави дека тој не криел дрога во гаќите, туку во мозокот. По 2002 година ништо убаво не му се случи во животот, освен што успеа да заработи пари, ама во затвор.

Потегот ламбрета со која Нејмар ги нервира противниците

Бразилецот им извади душа на фудбалерите на Билбао, кои фрустрирани од неговите дриблинзи почнаа и физички да го напаѓаат. Потегот пред крајот од мечот со Баскијците, Нејмар го правеше и во минатото додека играше во татковината.

Што ќе гледаме од фудбал летово?

Иако завршија речиси сите фудбалски првенства ширум светот, во тековниот месец нè очекуваат настани кои би можеле да нè задржат уште некое време пред телевизија.

Нека не ве чуди, Бразилец е

Во рамките на Адидас фристајл кампањата, Марсело ги покажа своите технички способности учени на Копакабана во Бразил и уште еднаш докажа дека фудбалерите од оваа земја се потпишуваат со топката.

Волеј на колото

Унгарецот Балаж Џуџак од Динамо Москва ја затвори завесата во руското првенство со голчиште, кое сигурно влегува во конкуренција за најатрактивен погодок на сезоната.

Неуништливиот Хамбург ја чува традицијата

Во реванш мечот од баражот за опстанок во Бундеслигата, фудбалерите на Хамбург направија вистинско чудо на гостувањето кај Карлсруе и останаа единствен тим кој никогаш не испаднал од елитното друштво.

Јуве доби дрес од фудбалската репрезентација на Македонија

И за овој месец обезбедивме подароци за најдобрите тројца Типстери.

Роберто Карлос бомба на аматерски меч

Јунаков кој го збибери проектилов е од Унгарија, а слушнете какво драње дадоа тие што го видоа ова во живо.

Бундеслигата најефикасна, Премиер лигата најбогата, Лига 1 најнеизвесна

Два и кусур месеци ќе бидеме без фудбал во најсилните 5 топ лиги во Европа, па време е за анализи и компарации. Во Германија сезонава во просек имало двојно повеќе публика на стадионите од Италија и Франција.

Ножички, исландска верзија

Стивен Ленон кој игра во исландското првенство не е баш познат фудбалер. До 2009 година играл во аматерски клубови, а хет-трикот ова коло ќе го памети најмногу по ножичките.

Шармантно ироничниот Ноер

Баерн Минхен постираше видео на својот канал на јутјуб. Нивниот голман освен што прави чиста на 30 метри од својот шеснаесетник, не сака да го закачаат и додека јаде.

ЦСКА и Локомотив Софија одат во аматери

Тоа е конечното решение на Апелационата комисија за издавање лиценци на Фудбалската федерација на Бугарија, која не им издаде дозволи за натпреварување во Прва лига на двете екипи од главниот град на Бугарија.

Пенал проклетството на Гонзало Игуаин

Промашениот пенал против Лацио следува после лошо изведените со Киево, Аталанта и Милан. На тој начин Пипита Игуаин од можен херој, стана симбол на промашени пенали во една сезона и покрај 29 постигнати голови во 2014/2015.

Се разбудив од кома, уште ли е Јуве во Лига на шампиони?

14-годишно момче скокнало со другарите во еден милански канал, удрило во ѕид по што лекарите 42 минути се бореле за неговиот живот. Откако се разбудил од кома после 4 недели, првото прашање му било за актуелниот италијански шампион.

Тајната на Рафа Надал на Ролан Гарос

За цели 10 години Рафа Надал загуби само еднаш на Ролан Гарос и има учинок од 69 победи и 1 пораз. Не е случајно што Шпанецот доминира на Гренд слемот во Париз.

Делириум во Рим, 10.000 навивачи на Лацио не спиеја

Фудбалерите на Лацио оваа сезона два пати се враќаат како херои од Неапол. Првиот пат ги елиминираа Наполитанците во полуфиналето од купот, а сега сликата се повтори, но во нивниот тренинг центар имаше уште поголема еуфорија и поголем број на навивачи кои 8 години сонуваа за Лига на шампиони. 

Кире Лазаров се искачи на европскиот трон

Капитенот на македонската ракометна репрезентација стигна до најпосакуваниот и единствениот трофеј кој му фалеше во блескавата кариера, а тоа е Лигата на шампионите. Барселона го победи Веспрем и ја освои деветтата титула европски првак.

Каталонски чекор поблиску до тројна круна

Со двата гола на Меси и еден на Нејмар, Барса го совлада Атлетик Билбао 3-1 во финалето на шпанскиот куп и после титулата во Ла Лига, по 27-ми пат го крена и трофејот на шпанскиот крал. Барселона за една недела ќе има прилика да ја освои и Лигата на шампионите и втор пат во историјата да ги обедини сите три пехари.

Шпанската химна исвиркана со 119 децибели

Како и што се очекуваше пред почетокот на финалето на Кралскиот куп на Шпанија, речиси 80.000 навивачи на Атлетик Билбао и Барселона ја исвиркаа шпанската химна. Баскијците и Каталонците, секој од свои причини направија страшна врева од свирежи која достигна 119 децибели (приближно на авионски звук).