Offside

Голден Стејт Вориорс приредија спектакуларен и историски пресврт, совладувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 112–95 во рамките на НБА Купот во „Чејс Центар“.

Вицовите на Чиро Блажевиќ

Неуморниот хрватски стратег (инаку тренер на 18 клубови и селектор на 5 репрезентации во периодот од 1968-ма до 2014-та) во една опуштена атмосфера со двајца и камерманот тројца, кажува вицеви. Не е он будалетинка од типот на Мамиќ, туку само циркузант. Доста е да му го чуете вториот виц, тој со ушите.

Перез го открија, Роналдо не е најскап играч во светот

Дилемата околу тоа кој е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот е разрешена. Кристијано Роналдо сепак останува втор, зад неговиот колега Герет Бејл.

Единствениот стадион на кој му свират на Иниеста

Стадионот Сан Мамеш во Билбао важи за најтешкото гостување во Шпанија, но и за единствен стадион на Пиринеите на кој му се свири на великанот Андрес Иниеста, човек насекаде дочекан со аплауз.

Червар: Македонија не е само Кире

Македонските ракометари вечерва во 20:30 ги продолжуваат натпреварите на ЕП, а ривал е Хрватска, репрезентација која имаше потешкотии во првата фаза.

Реваншот Кличко - Фјури во мај

Реванш дуелот за титулата светски првак во тешка категорија веројатно ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати во мај.

Од северот ги криват браќата Начевски

Челните луѓе од ракометниот сојуз на Србија отворено ги обвинија судиите на мечот против Македонија и Драган Начевски кој ги делегирал нив.

Северна Кореја ти дава стан, кола и работа, а не ти стигаат сметки

Сликата која ја имаме за Северна Кореја е погрешна, тврди Бранислав Моро, одбојкарски тренер од Србија кој чека втор договор од лидерот за да остане таму. Живеел во 11 земји и преку 10 точки раскажува за најмистичната во која владее најголема диктатура.

За Жиру критиката излегла од рајот

Тој никогаш нема да даде 20 гола за сезона. Никогаш нема да биде топ шпиц, затоа што не знае да дава голови на важни натпревари. Критичарите само го мотивираа Французинот кој здиве.

Реклама со Руд Гулит пред 27 години

Ланчија Y10 за тоа време топ кола, популарна меѓу 85-та и 95-та, а инаку второ место во Европа во изборот за автомобил на годината во Европа во 1986 година. Ја рекламирал холандската легенда додека играл за Милан. Три кадри, толку се.

Во Свонси новиот тренер го запознале на Гугл

Италијанскиот тренер Франческо Гвидолин е познат во татковината, но не и во премиерлигашот Свонси каде неговата биографија ја читале на Гугл.

Падот на Рафаел Надал

„Кралот на земја“ на кој 47 од вкупно 67 освоени трофеи му се на таа подлога, се соочува со поразителни резултати невидени за него во последните 11 години.

Вујошевиќ знае бар нешто англиски

Кошаркарите на Валенсија имаа неверојатна серија од 28 победи по ред во сите натпреварувања и ниту еден пораз. Сè до синоќа кога налетаа на Лестер Бо Мекејлеб и францускиот Лимож на чија клупа од пред една недела седи Душко Вујошевиќ кој сега има мака во преводот.

Викаш техничар, мислиш Марсело

Бразилецот Марсело не само што достојно го замени легендарниот Роберто Карлос по левата страна на Реал, туку и го надмина по многу нешта. Ретко кој лев бек има таква техничка поткованост како него.

Што значи добра фудбалска реклама

Некои земји за момент се обидоа да излезат од клишеата со рекламирање на спортски настани и манифестации и дојдоа до тотално необични идеи.

Како алгоритмите открија местенки во тенисот

Истражувањето на варијациите и опаѓањето на коефициентите во кладилница не се доказ за наместен натпревар, но мала е веројатноста еден ист играч да игра толку лошо секогаш кога против него се вложени многу пари.

Македонски ора во Краков

По ремито против Србија 27:27, клучно за пласман во вториот круг на Европското првенство во Полска, во фан зоната на нашите навивачи синоќа беше весело.

Баерн, Борусија и Чичарито

Зимската пауза во германскиот фудбалски шампионатот завршува викендов, а Германците сумираа и ги издвоија најдобрите по првот дел од сезоната. На Левандовски местото му го зема Хавиер Ернандес - Чичарито кој се препороди во Баер Леверкузен и кој во просек е поефикасен од полскиот напаѓач.

Последните три напади од мечот Македонија - Србија

Тоа што го испуштивме резултатски против Франција и Полска во двете големи битки, го добивме во финишот од третото коло против Србија. Дејан Манасков ги торпедираше Србите со 10 гола, а ова е најважниот по кој остануваме да се бориме на Европско во следната фаза по групи.

Манасков јунак, Македонија во следната фаза

Македонските ракометари во последната секунда од мечот против Србија се изборија за реми кое ги води во следната фаза. Манасков херој на мечот со 10 погодоци од кои и последниот за 27:27.

Кои познати фудбалери го носеле дресот на Лестер?

Најголемото изненадување сезонава во Топ 5 лигите во Европа има историја која што ја пишуваа неколку познати фудбалри. Лестер не е клуб од вчера, туку е признато име во островскиот фудбал.

Меси vs Видиќ

Се сеќавате ли на овој дуел меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона во Лига на шампиони на кој видовме една реткост?

Најтешките спомени на Хавиер Занети

Човекот кој има најмногу настапи во историјата на Интер и најмногу настапи воопшто меѓу странците во Серија А, едвај стигнал до првите копачки во животот.

Торко

Ако некој ова коло не знаеше кај тера откако погоди пенал, тоа е фудбалерот на Пескара Андреа Коко.