Гордон Бенкс (во Лестер од 1959 до 1967)
Кога Англија го освоила Светското првенство во 1966. година, голот го чувал голманот на Лестер, легендарниот Гордон Бенкс кој бил прогласен за најдобар голман на светот таа година. Бенкс со Лестер освоил еден Лига Куп во 1964, а играл и во финалето на ФА Купот. Веднаш по завршувањето на Мундијалот, Бенкс преминал во Стоук. Во 1972. година доживеал тешка сообраќајна несреќа, после која морал да ја заврши кариерата. На фотографијата Бенкс брани на мечот против Тотенхем во финалето на ФА Купот 1962.
Питер Шилтон (Во Лестер од 1966 до 1974)
Двата најдобри англиски голмани во тоа време биле членови на Лестер, матичниот клуб на Шилтон. Питер на 20 години го заменува Шилтон кој заминал за Стоук. Лестер во тие години често се селел меѓу првата и втората лига, така што клубот не можел долго да ја задржи голманската ѕвезда. Најславните денови во кариерата, Шилтон ги доживеал во Нотингем Форест на Брајан Клаф. За Гордиот албион бранел повеќе од една деценија и долги години беше рекордер по бројот на настапи (125). На мечот против Аргентина во 1986. година примил два легендарни гола од Диего Марадона.
Гари Мекалистер (Во Лестер од 1985. до 1990.)
Кој ја следел Премиер лигата на почетокот на ’90-те години, сигурно се сеќава на ликот и делото на полушпицот на Лидс, Ковентри, а потоа и на Ливерпул. Во ’80-те години кога Премиер лигата уште не била основана, Лестер прв ги препознал квалитетите на одличниот Мекалистер кој 5 години го носеше дресот на овој клуб.
Емил Хески (Во Лестер од 1994. до 2000.)
Еден од најомилените ликови во клупската историја на Лестер. Иако напаѓачот во последниве години често е предмет на шеги во англиската јавност поради упорноста да игра фудбал иако веќе е во позни години, Хески кон крајот на ’90-те години беше ѕвезда на тимот. Под водство на Мартин О’Нил, Лестер со Хески освои два Лига Купа (во екипата беа уште и Кејси Келер, Флаерс, Ленон, Мази Изет, Елиот, Севиџ, Коти, Импи, Гапи.)
Теодорос Загоракис (Во Лестер од 1998. до 2000.)
Во првата полусезона со Мартин О’Нил, Тео Загоракис беше незаменлив дел од првиот тим, но во продолжение баш и не беше стандарден играч. Пет години подоцна како капитен ја одведе Грција до титулата европски шампион во Португалија 2004. година.
Стен Колимор (Во Лестер во 2000-та)
Култен англиски напаѓач во ’90-те години за кого Ливерпул одвои многу пари, па го продаде после пари сезони. На 29 години од разни причини не се наигра многу во Лестер, но навивачите на овој клуб и натаму го паметат хет-трикот против Сандерленд.
Роберто Манчини (Во Лестер во 2001.)
Чудна историја. 36-годишниот Манчини ја прифати позајмицата од Лацио во Лестер каде за 4 неделен престој одигра 5 натпревари и потоа се реши да влезе во тренерските води.
Денис Вајс (Во Лестер во 2000/2001.)
Легенда на Челси кој во Лестер одигра цела сезона, но немаше некој запазен учинок. Клубот го напушти со скандал.
Лес Фердинанд (Во Лестер во 2003/2004.)
Бомбардерот на КПР, Тотенхем и Њукасл играше за репрезентацијата на Англија на ЕП 1996 и на СП 1998. На 37 години играше за Лестер, постигна дури 12 голови после што замина во Болтон, а Лестер испадна во Чемпионшип.
Том Клеверли (Во Лестер во 2009.)
Суперталентот на Манчестер Јунајтед во зимата 2009-та беше позајмен во Лестер. Им помогна на „лисиците“ да изборат пласман од третата лига во Чемпионшип.
Нолберто Солано (Во Лестер во 2010.)
Еден од најпознатите Перуанци во европскиот фудбал. Најславните денови ги помина во Њукасл, играше за уште пар англиски клубови и во Грција, по што се врати во татковината. Во зимата 2010. Најџел Персон со кој работеа во Њукасл, го викна во Лестер.
Хари Кејн (Во Лестер во 2013)
Во сезоната 2012/2013 на Вајт Харт Лејн се уште не го препознаа талентот на Кејн и го позајмија најпрвин во Норвич, а потоа и во Лестер каде Кејн почна да го најавува раскошниот талент.