Football Site Leaks кој се занимава со откривање тајни во фудбалот ги извади на виделина деталите од трансферот на Герет Бејл кој во летото 2013-та премина од Тотенхем во Реал Мадрид.
Документот ја содржи точната сум на пари која ја договориле овие два клуба, како и начинот на плаќање. Договорот паднал со исплата на 4 рати, од кои првата рата од 24,935,895 евра била исплатена 10 работни дена од приемот на трансферот.
Втората и третата рата ја содржеле истата сума која била исплатена на 24 јули 2014-та и 24 јули 2015-та. Им останува уште последната рата од 21.292.782 евра договорена за 24 јули оваа година.
Тансферот излегува дека е 99.743.542 евра и заедно со таксите од 1.015.875 евра вкупната сума исплатена за Велшанецот излегува дека е 100.759.417 евра.
Тоа се скоро 10 милиони евра од тоа што беше обелоденето во јавноста таа година. Флорентино Перез тврдеше дека го купил Герет Бејл за 91 милиони евра и со тоа трансферот на Роналдо од Манчестер Јунајтед во 2009 година за сума од 96 милиони останува на прво место.
Тотенхем е обврзан да не дава никакви финансиски детали за медиумите во врска за операцијата, а како компензација за тоа Реал Мадрид се согласува да не дава никакви негативни забелешки за нивниот клуб.