Единствениот стадион на кој му свират на Иниеста

Стадионот Сан Мамеш во Билбао важи за најтешкото гостување во Шпанија, но и за единствен стадион на Пиринеите на кој му се свири на великанот Андрес Иниеста, човек насекаде дочекан со аплауз.

Кога преку 100.000 гледачи на Сантијаго Бернабеу ќе станат и громогласно ќе му аплаудираат на Иниеста, тоа значи дека имаат страшна почит за човекот кој во 2010. година на Шпанија ѝ ја донесе светската титула. И не само на Бернабеу, на Иниеста му аплаудираат од Белорусија до Германија каде и да настапува со Барса.
 
Сепак, тоа не е случај и во Баскија. Не од причина што не го ценат како фудбалер, туку поради тоа што летото 2010-та според нив Иниеста одглумил повреда после стартот на Фернандо Аморебиета, па бекот на Атлетик Билбао беше исклучен. Тогаш стадионот бурно реагираше и од тогаш го свират великанот.
 
 
Но него не му смета премногу што во Билбао се злопамтила, па така синоќа во дуел од 1/4 финалето на Копа дел Реј по којзнае кој пат им покажа дека свирежите не му сметаат. Сам одби напад на тројца противнички фудбалери, потоа ги дриблаше и сам ја изнесе топката.
 
Што би рекол Чиро Блажевиќ, имаме привилегија што живееме во време на големиот Иниеста.
21 јануари 2016 - 10:07