Новинарот на buzzfeed.com Џон Темплон, 15 месеци се бавел со истражување во обид да открие наместени натпревари во тенис. Извори му биле АТП, како и седум кладилници од каде собирал податоци кои се јавно достапни.
Темплон компјутерски анализирал вкупно 25.000 тениски натпревари кои се одиграни од 2009-та до 2015-та година. Со помош на алгоритам напишан во Python (програмски јазик) барал мечеви во кои коефициентот за пораз на некој играч непосредно пред почетокот на мечот растел 10% во однос на почетниот коефициент.
Така стигнал до 15 играчи кои имале тенденција да губат натпревари на кои се забележани големи влогови над нив. Еден играч кој во моментов учествува на Австралија опен, загубил 15 од 16 можни средби на кои се уплатени многу пари против него.
Според новинарот истражувањето на варијациите и опаѓањето на коефициентите во кладилница не се доказ за наместен натпревар, но мала е веројатноста еден ист играч да игра толку лошо секогаш кога против него се вложени многу пари.
Во правењето на алгоритмите за анализа на податоците консултирал и двајта американски професори по статистика.
Скандалот со местенки во тенисот го објави БиБиСи пред два дена и напиша дека поседува документи со докази дека се вмешани и освојувачи на Гренд слем турнири, а вчера објави и интервју со поранешен анонимен тенисер од Јужна Америка кој изјави:
„Ова е како тајна на турнирите кои сите ја знаат, но не зборуваат за тоа“.
На тимот на Ѓоковиќ му нуделе пари за да загуби натпревар.