На Ѓоковиќ му нуделе 100.000 фунти да испадне

Најдобриот светски тенисер изјави дека на неговиот тим пред неколку сезони му предложиле 100.000 фунти за тој да испадне во првото коло на турнир во Русија.

Новак Ѓоковиќ потврди дека еднаш индиректно преку неговиот тим му нуделе 100.000 фунти за да загуби во првото коло на турнирот Санкт Петербсбург Опен, иако тој никогаш не учествуваше таму.
 
Ѓоковиќ, кој го очекува ривалот во второто коло на Австралија Опен одговарал на новинарски прашања поврзани со местењето во тенисот кој му ги поставувале од БиБиСи.
„Не ме прашале мене директно. Ги прашале луѓето што работеа со мене во тоа време, луѓе кои беа во мојот тим. Секако дека не сакав да слушнам, и не размислував на тоа. Човекот што сакаше да разговара со мене, не стигна до мене. Немаше ништо. За жал, имаше некои шпекулации во тоа време, во тие денови. Во последните шест, седум години не сум слушнал ништо слично. Многу ужасно се чувствував затоа што не сакам никако да ме поврзуваат со такви работи. За мене тоа е криминал во спортот, не го поддржувам. Мислам дека нема место за тоа во било кој спорт, посебно не во тенисот.“
Србинот додава и дека сомнителнност можеби имало во минатото, но тоа не ги инволвира топ играчите.
„Отсекогаш бев опкружен со луѓе кои строго ги почитуваа спортските вредности. Така пораснав. За моја среќа, никогаш директно не ме вмешале во такви ситуации. Според мене, местени натпревари нема на највисокото ниво. Можеби на челенџерите, а можеби и таму нема. Не сакам ниту да зборувам за тоа. Можам да дадам свое мислење, но има организација, авторитети кои водат грижа за тоа на дневно ниво.“
Откако го мина 19-годишниот Хјеонг Чунг од Јужна Кореја, Ѓоковиќ во второто коло го чека подобриот од дуелот Квенти Хали - Иван Додиг.
 
БиБиСи пренесува дека постојат сомнежи за три наместени меча на Вимблдон пред десетина години, а најпознат е мечот меѓу Николај Давиденко и Мартин Аргуело кој беа казнети поради нерегуларности на нивниот дуел. Обложувањата на сомнителните мечеви најчесто се одвивале на Сицилија и во Русија.
18 јануари 2016 - 09:56