Падот на Рафаел Надал

„Кралот на земја“ на кој 47 од вкупно 67 освоени трофеи му се на таа подлога, се соочува со поразителни резултати невидени за него во последните 11 години.

Надал беше шокиран од Фернандо Вердаско уште во првото коло на Австралија опен и тоа за него беше втора елиминација во кариерата уште во прво коло на еден Гренд слем турнир.

Во периодот од 2005-та до 2014-та Шпанецот освои 9 од 10 можни трофеи на земја во Франција опен, а турнирот на кој владееше не го освои ниту минатата година. Рафаел Надал 2015-та ја заврши без ниту еден Гренд слем турнир, а тоа му се нема случено од 2004-та.

Петтиот тенисер во свет, лани се израдува само на три АТП турнири.

20 јануари 2016 - 15:21