Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Бушавата азбука на Драган Џајиќ

Југопапир е страна која што се занимава со пронаоѓање и обработка на стари вредни исечоци од весници. Нам во око ни падна рубриката од А до Ш во која детали за себе открива младиот Драган Џајиќ.

Зошто Тотенхем едвај ја сврте против Свонси

Фудбалерите на Тотенхем беа фаворити против Свонси за зачувување на врвот на табелата, но на полувреме губеа и потоа се мачеа за пресврт. Тие што ја гледале и ја чекале кец, сигурно го колнеле Лукас Фабијански.

Проклетството на пехарот во ЛШ е единствено во светот

Од 1993 година кога Купот на шампиони смени име и систем на натпреварување, ниту еден клуб не го освоил овој Куп два пати по ред и тоа е единствен случај во светот на спортот.

Најголемата жртва за спасување аут

Да, ова е најголемата жртва за спасување аут и ова е теренот кој заслужува трева бидејќи на децава очигледно им се игра фудбал штом гинат за вакви топки.

Како Златан му стана клиент на човекот кој јаде за пет души

Кога Ибра се пресели во Париз за да игра во ПСЖ, прашањето околу сметувањето го реши со месечна кирија од 30.000 евра во стан од 600 квадрати. Но кога моќниот менаџер го видел за прв пат, му рекол прибери тоа поршето и златниот часовник и земи да тренираш асално бидејќи имаш очајна статистика.

Рекламата на Диего Симеоне за шпански железници

„Игра само тој што ќе заслужи, сфаќаш? Ако не се трудиш, остануваш надвор", вели Чоло во најновата реклама на главната железничка компанија Ренфе Боно само што наспроти него не седи играч на Атлетико Мадрид, туку...

Како Денис Бергкамп влијаел на кариерата на Панчев

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња им даваше голови на Оливер Кан, на Тафарел и на Шмајхел и како четирикратен најдобар стрелец во југословенската лига замина во големиот Интер. Но таму не му тргна како што очекуваше.

Братска изведба на пеналот на Меси и Суарез

Ударот од 11 метри на Барса против Селта мина успешно во Бахреин, па неуспешно во Зимбабве. Третиот обид на копи паст пеналот им успеа на двајца браќа од Аргентина кои играат по пониските лиги.

Петте причини на Роналдо за падовите на Реал

Во ситуација кога Барселона му бега на Реал Мадрид 12 бода на табела, тогаш нешто не е во ред во редовите на Кралскиот клуб. Марка ги анализираше изјавите на Роналдо кој ги посочува кривците кога на тимот не му оди.

На Ибрахимовиќ сè му е смешно па и намерен фаул

Лион го победи ПСЖ 2:1 и на тој начин му ја прекина серијата од 36 натпревари без пораз. Веројатно слабата игра на Парижаните беше причина Златан да го турне Јанга-Мбива и да му се смее цинично.

Година во која секој секого победи, а Депортиво стана шампион

1999/2000 важи за незапаметена сезона во Шпанија. Депортиво Ла Коруња ја освои титулата, шпицот на Расинг Сантандер беше прв стрелец а голманот на Алавес Мартин Ерера ја освои наградата Замора за најдобар голман.

Горан со здравје да си го носиш дуксерот

По големата неизвесност во последниот ден од февруарската битка на Типстер, ги добивме тројцата најдобри махери во типување кои стигнаа до подароци.

Еуролинк подобар од УНИКА во осигурителното дерби

Во првиот ден од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија Еуролинк и даде 10 гола на УНИКА, а до победи стигнаа и екипите на ФАКОМ и Македонски Телеком.

Најдобрата монтажа со паѓањето на Ван Гал

Интернетот збесна по мечот меѓу Манчестер и Арсенал, откако Луј Ван Гал почна да прави циркузи пред судијата во стил на Мурињо. Со ова видео може да заврши пост шоуто од мечот кое трае веќе два дена.

Стартува „Музички Куп 2016“

За сите пејачи, аранжери, текстописци, бендови и оние кои се занимаваат со музика, а им се игра фудбал, следниот месец може да станат дел од првиот фудбалски турнир меѓу музичари во Македонија.

Јувентус и Барселона донесоа профит, ПСЖ разочара

Типстерите одлично го испитуваа Јувентус и во Лига на шампиони и во Серија А, но не го очекуваа првиот пораз сезонава на ПСЖ во француското првенство.

Децата кои заиграа во прв тим поради Ван Гал

Ако за нешто не може да му се замери сезонава на Ван Гал тоа е неговата желба да форсира младинци. Некои од нив добија шанса по добрите игри во младинскиот тим, а други затоа што Ван Гал не можеше глава да крене од повредени. Сума сумарум 14 младинци почувствуваа што значи настап на Олд Трафорд.

Каде се сега шампионите на Лацио од 2000-та

Во последното коло пред 16 години Јувентус потона во поплавената Перуџа (1:0 Алесандро Калори), кога Колина го продолжи мечот и покрај тешките услови и врнежите. Лацио порано ја реши Реџина со 3:0 и цел Олимпико заедно со играчите го следеа преносот од стадионот Ренато Кури. На крајот големо славје во Рим за последното скудето до денес.

Шутирај од таму колку сакаш, Кари верзија

Легендарната „Од таму шутирај колку сакаш" изговорена на средбата меѓу Македонија и Израел на ЕП 2009 е видео парче кое секогаш добро се лепи на лудите шутеви од тројка во последните секунди. Последната верзија е со рекордерот на тројки во НБА лигата.

Дел Пјеро во италијанскиот Танц со ѕвездите

Во 2014-та Дел Пјеро ја заврши фудбалската кариера по авантурата во индискиот клуб Делхи Динамо. Во 2015-та стана стручен коментатор на Скај Спортс, а годинава се појави во италијанската верзија Танц со ѕвездите (Ballando con le stelle). Алекс танцуваше со професионалната танчерка Роберта Бекарини.

Машки фудбал без гел за коса

Ретро момент од 1999. година кога Рој Кин, Јап Стам, Сол Кембел и Патрик Виера играа машки фудбал.

Осврт на единаесетото коло на Бизнис Лигата

На почетокот од пролетниот дел на Телеком Бизнис Лигата на Македонија се одиграа 8 натпревари. На самиот старт се случуваа многу изненадувања по кои можеме да очекуваме голема борба за влезот во четвртфиналето. Во ваквите натпревари кои изобилуваат со многу пресврти и пред се активен фудбал се истакнаа следниве поединци:

Ќе те гони како куче, ќе го мразиш но потоа ќе му благодариш

Нема агент, не користи социјални мрежи. 24 часа е опседнат со фудбалот и е спремен до последен момент да се бори за титулата во Премиер лигата каде заостанува само два бода зад лидерот. Маурицио Почетино.