Новото друштво на Бобо Виери

Откако го поврзуваа со многу италијански манекенки, Кристијан Виери конечно реши да се скраси. Има 15 години помлада партнерка и ич не му е гајле.

Новата девојка на 42-годишниот Виери е 26-годишната манекенка Џазма Кендрик од Мајами. Џазма работи како модел и снима реклами во САД и Европа. Девојката ја споредуваат со Наоми Кембел со која е ко-сопственик на „Капитал Груп“.