Мурињо и Јунајтед - како беше порано

Хрониката односи на Мурињо со клубот од Олд Трафорд започна некаде пред 12 години кога Португалецот гостуваше во Манчестер. Од тогаш до денес, голема промена на односите.

Во декември Жозе Мурињо беше отпуштен од Челси. Буквално од тој ден пресот го гледаше португалскиот тренер како главен претендент за да го замени Луј ван Гал во Манчестер Јунајтед.
 
Мурињо не ја откриваше намерата, иако новинарите му припишуваа дека пратил писмо до раководството на Јунајтед со многу страни анализа што би сменил во клубот ако дојде. Ситуацијата драстично се смени кога Специјалниот изјави: „Останувам во Англија“. Оваа недела Манчестер и официјално објави дека преговара со Мурињо.
 
Пред 12 години победата над Јунајтед ја натера Европа да обрне внимание на Мурињо.
 
Славеше со Порто во осминафиналето на Лига на шампиони

Во мај 2003. година Порто на Жозе Мурињо со Деко, Манише, Пауло Фереира и Рикардо Карваљо го освои Купот на УЕФА. Но амбициите им се зголемија следната сезона кога стигнаа до осминафиналето каде ги чекаше Ман. Јунајтед.
 
Во првиот меч Порто победи 2:1, а во реваншот Јунајтед водеше 1:0 до последната секунда. Судијата Валентин Иванов тогаш им поништи чист гол на Англичаните поради наводен офсајд на Пол Сколс. По истекот на 90-та минута, шутот на Бени Макарти влезе во мрежата на Тим Хауард. Во тој момент Мурињо го направи култниот потег кога трчаше крај аут-линијата и клекна на колена.
 
Англиска доминација со Челси, добар однос со Фергусон

„Какво дрско копиле", размислуваа на глас англиските новинари кога ги гледаа неговите прес-конференции и ги читаа неговите изјави во весниците.

„Ново момче во ова подрачје. Млад е. Но нема причини да не се сфати сериозно, доволно е паметен и сигурно ќе работи добро во Челси", пишува Сер Алекс Фергусон во својата автобиографија за почетоците на Мурињо во Премиер.

44 дена по легендарната изјава «I am a Special One», Мурињо се сретна со Манчестер Јунајтед во својот прв меч во Англија и победи 1:0 благодарение на голот на Ејдур Гудјонсен.

После тоа, Јунајтед никогаш не го победи Челси на Мурињо на Стемфорд Бриџ, но и покрај тоа тренерите воспоставија добри односи. Наместо вообичаените препирки пред дуелите, тие радо комуницираа еден со друг на чаша вино во канцелариите после натпреварите.

Според Шкотланѓанецот, Мурињо го потсеќал на него во младоста. Во 2013. година еден од главните кандидати за наследник на Фергусон покрај Гвардиоала беше и Мурињо. Сепак, Португалецот му дал збор на Роман Абрамович дека ќе се врати во Челси.

Авторот на книгата „Подгответе се за игра: Ерата на Мурињо", Шпанецот Диего Торес потврди дека Специјалниот сакал да работи во Јунајтед и се разочарал кога дознал дека Дејвид Мојс е назначен за нов тренер.

Визити со Реал и Интер на Олд Трафорд

Во 2010-та Мурињо ја освои историската тројна круна со Интер. Сезона претходно во поход на вториот пехар во ЛШ испадна од Манчестер Јунајтед кој славеше 2:0 на Олд Трафорд со головите на Видиќ и Роналдо.

Во сезоната 2012/2013 Реал предводен од Мурињо го победи Манчестер Јунајтед во осмина-финалето од ЛШ. Судијата Чакир во вториот меч имаше скандалозни одлуки кога Фергусон драматично бараше помош од Олд Трафорд, нешто што никогаш не го правел.

Обидите да го доведе Руни во Челси

Следуваше третиот меч против Манчестер на Мурињо по неговиот камбек во Лондон. Тогаш почна и приказната околу трансферот на Вејн Руни во Челси. Сините пратија официјална понуда до Јунајтед, но тие ја одбија со одговор дека не е на продажба.

Од летово Мурињо ќе може да работи и со Руни како нов тренер на Манчестер.