„Како? Јас во филм за Пеле? И каков сум? Убав ли сум барем?“, рекол легендарниот Хозе Алтафини кога му кажале дека ќе се снима филм за Пеле и за него. Алтафини е бразилски фудбалер со италијанско потекло кој се прославил во дресот на Милан и Наполи, а играл и за Бразил и за Италија.
Алтафини не се појавува во филмот како спореден лик, туку како автентичен протагонист во животот на Кралот Пеле.
Приказната започнува во Бауру, 300 километри северо-западно од Сао Паоло, место кое како и целата земја дише за Светскиот Куп таа 1950. година. Еден куп луѓе се собираат на сред село околу радиото на кое ги слушаат преносите од средбите на Кариоките. Игра Бразил и дента се застанува.
На 11 минути пред крајот од финалето со Уругувај на Маракана, голот на Алсидес Гиџа ги руши соновите на цел Бразил. Филмот продолжува со децата како играат на боси на исушени терени. Најмал меѓу нив е Дико Нашименто, уште непознат како Пеле.
Дошол во местото на 4 години од родниот Трес Коракоеш, во реонот Минас Гераис.
„Попладнето пред Мараканаѕо бев на теренот со мојот клуб Атлетико Пиракикабано. Имав 12 години и дознав за поразот на крајот од натпреварот. Во мојот град сите беа тажни, се беше тивко. Во Рио и Сао Пауло очај, солзи и повеќе самоубиства поради поразот од Уругвај во финале на Мундијал.
Чекор понапред: 8 минути од почетокот на филмот се појавува Алтафини. Во една убава господска куќа. Хозе, мало дете помалку арогантно ги гледа другите и вели: „Јас ќе бидам Мацола“ (прекарот на Алтафини бил Мацола по познатиот италијански фудбалер Сандро Мацола. – А јас ќе бидам Пеле“, одговара неговото другарче Дико. „Биле’, не Пеле’, го исправа Хозе“.
Биле’ во тоа време бил познат голман на Васко де Сао Лауренко. Така се родило името Пеле’.
„Јас не бев толку богат, ниту арогантен, мојата фамилија беше сиромашна како и неговата. Татко ми работеше во една шеќерана а мајка ми помагаше во едно добростоечко семејство, како и мајка му на Пеле’. Меѓудругото моето село беше на 300 километри од Бауру. Никогаш не сме можеле да се сретнеме во тоа време. Но филмот е убав. Малку е правен по роман, но ми се допаѓа. Кој ме игра мене?“, прашал Алтафини откако му го прочитале сценариото.
Го игра Диего Бонето, познат мексикански глумец од теленовели и лик кој се појавува во «Rock of ages» со Том Круз. Пеле го толкуваат Кевин де Паула од 13 до 17 години и Леонардо Лима Карваљо на 10 години.