Offside

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

Најлудиот гол кој не требаше да го поништат

Во младинско првенство во САД падна гол со примеси на гимнастика кој веројатно нема да се повтори и за кој не беше свесен што направи ниту стрелецот. Изледа и судиите се збунија па од нигде никаде се решија офсајд да досудат.

Се сеќавате ли на голманот Пинто?

Сме гледале циркуси од Игита, од Кањизарес, од лудиот Молина, од најдобриот голман голгетер Рожерио Сени, од маскирниот Рушту Реџбер. Но ретко кој од нив беше циркусант како резервниот голман на Барселона Хозе Мануел Пинто.

Гостиварчанецот од Србиново кој стана светски шампион

Арсенал во последните години важи за најшарениот клуб кога во прашање се националноста и религијата на играчите. Пред неколку дена меѓу „Топџиите“ стигна и фудбалерот кој сака да купи куќа во село Маврово и секоја година доаѓа во Гостивар.

Албанија со играчите од ЕП против Македонија

На 5. септември во Скадар, македонската фудбалска репрезентација ќе го отвори новиот квалификациски циклус, за пласман на Мундијалот во Русија. Селекторот Ангеловски не може да смета на Трајковски и Агим Ибраими. Пандев ќе игра.

Зошто Барса е повеќе од клуб?

На турнирот за играчи до 12 години во Јапонија (World Challenge Cup Tokyo), на кои настапија неколку светски екипи, во финалето се сретнаа Барселона и Омја Ардиџа. Децата на Барса победија, но на крај не славеа непприкладно туку покажаа што значи добро воспитување.

Хакан Шуќур избришан од фудбалска Турција

Фудбалскиот сојуз на Турција и трофејниот Галатасарај, под притисок на власта на Реџеп Тајип Ердоган биле принудени да го избришат најдобриот играч во историјата на оваа земја од сите официјални документи.

Столарот кој од уличен фудбалер стана главен играч на Евертон

Конгоанецот Јаник Боласи е непредвидлив финтаџија. Нема смислено дриблинзи, туку прави што ќе му текне во моментот и затоа дефанзивците имаат мака со него. Боласи раскажува за роднинските односи меѓу Африканците каде секогаш некој не зборува со некого.

Кошелни, Казорла и корнерот со лева

Арсенал со 1-3 го совлада Ватфорд на гости, а интерсен детал на мечот беше свирката на Лоран Кошелни до Санти Казорла.

Како мал спиел со скитници поради Атлетико, а вчера играше против нив

Мартин Мантовани е еден од многуте Јужноамериканци кои имале тешка судбина до конечниот триумф. Поминал низ сè и сешто за да заработи од фудбалот и тоа му се исплатеше. Синоќа ремизираше против клубот поради кој спиел со скитници на улица.

Франческо Тоти има на кој да се гордее

На турнирот за деца во Сан Феличе Чирчео, малиот Кристијан Тоти со број 10 на грбот и капитенската трака ја носел својата екипа до пехарот.

Јадранска лига во фудбал - за или против?

Од вкупно 24 екипи кои учествуваа во квалификации за Лигата на шампионите и Лига Европа, само еден клуб успеа да влезе во фазата по групи. Време ли е за Јадранска лига?

Најлудиот одбојкарски сервер на сите времиња

Адриан Игнацио Карамбула е роден во 1988. година во Монтевидео. Со семејството се сели на Флорида како тинејџер, а решава да игра одбојка на плажа за Италија од каде потекнувал неговиот дедо. Карамбула настапуваше и на Олимписките Игри во Рио летово а светот го запозна преку неговиот крајно луд сервис.

Ибра и Манчестер на Фенербахче, Интер против Саутемптон

Тешка група за Мурињо во новата европска авантура. Ван Перси ќе се врати на Олд Трафорд. Рома ќе гостува во Чешка, Австрија и Романија.

Уличниот фудбалер кој прослави јубилеј на Градски во Скопје

Најдобриот ирски напаѓач на сите времиња реши во среда против Оман да стави крај на 18-годишната репрезентативна кариера. Зелениот дрес го носеше секаде, а во Скопје го даде 50-от гол за Ирска.

Легендарната реклама со ѕвездите на тема среден век

Кога ќе се спомне Бекам и реклама за Пепси сигурно веднаш на памет ни паѓа онаа со детето кога ја брише лименката и му го враќа подарениот дрес. Во серијата реклами Пепси сними и една врвна на тема среден век која сме ја подзаборавиле од времето.

Навивачите на Вест Хем непомирливи со поразот

Вест Хем втора година по ред испадна од Лига Европа од просечниот романски тим Астра Ѓурѓу. За парадоксот да биде поголем тренерот на овој клуб е суспендиран поради кладење, претседателот им е во затвор, тие се 11-ти во Романија, а клубот немал скршена пара за трансфери. И да, голот им го даде 35-годишен фудбалер.

Сторијата за Сасуоло, најиталијанскиот тим

Од 30 играчи во составот, Сасуоло има само четворица странци и 26 домашни играчи. Како Баскија во мало, италијанскиот клуб обезбеди историско учество групната фаза од Лига Европа.

Путин жали за суспензијата на руските паралимпијци

Претседателот на Русија на приемот на руските олимпијци од Рио изјави дека одлуката за забрана за учество на руските паралимпијци во Рио е неморална и цинична. Целата руска паралимписка селекција на 7. август беше суспендирана од Меѓународниот паралимписки комитет поради свесна поврзаност на државата во допинг програмот.

Сомнеж во местење, Роберто Карлос направи забуна

Легендарниот бразилски бек при ждрепката за Лигата на шампионите прво извади едно од топчињата, па ја врати и извлече друга. Тоа ги збуни гледачите и водителот. Во тоа топче беше бугарскиот Лудогорец кој падна во група со ПСЖ, Арсенал и Базел.

Барселона на Сити, Лестер во лесна група

Вечерва во Нион се извлече ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите. Во групната фаза ќе гледаме неколку мега дерби средби како тоа меѓу Атлетико - Баерн и Реал - Дормтунд.

12 малку познати факти за Мино Рајола

Буцкото од Сардинја со жената и децата поминува само 56 дена во годината, затоа што на лице место сака да зборува со играчите, нивните жени, газдите на клубовите и тренерите. За трансферот на Недвед во Јувентус вели дека може да напише голема книга.

Чаби Алонсо и Видал vs 40 мали деца

Таман ќе помислиш си дрибнал тројца, од позади те влечат четворица. Фудбалерите на Баерн Минхен, Чаби Алонсо и Артуро Видал едвај куртулија на мечот против 40 дечиња.